fbpx

Прес конференции

Милошоски: Проектот наречен Заев, Филипче и Димитров е готов и треба да си дадат оставка, формирање на Влада на експерти веднаш

Интегрален текст од изјава за медиуми на Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денес би сакал тука пред Владата на Република Македонија да го истакнам ставот на ВМРО-ДПМНЕ, дека по однос на економската ситуација, надворешно политичката ситуација, блокадата од ЕУ и здравствената криза, сите три кризи имаат име и презиме, а тоа се Зоран Заев, Венко Филипче и Никола Димитров.

 И сметаме дека проектот наречен Зоран, Венко и Никола Димитров треба да си дадат оставка.

Зошто? Затоа што во државата имаме најтешка ситуација од независноста до денес, и за граѓаните, и за здравствениот сектор, и за економскиот сектор, но за жал и за евро перспективата.

Сметам дека со нивната оставка ние ќе можеме како држава да создадеме можност да формираме Влада на експерти која што ќе може подобро да се носи и во здравството, и во економијата, и во евро интеграциите.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Заев, Венко Филипче и Никола Димитров се дел од проблемот на оваа државна криза, а не се дел од решението.

Нивна оставка во најмала рака е морален чин од нивна страна, а во Собранието и на повисоко политичко ниво ќе може да се разговара за Влада која што ќе ужива поширока доверба и наместо партиски личности, ќе има експерти во секоја област кои што ќе можат да понудат конкретни решенија за следната година дена да можеме да имаме план за излез од кризата.

 

Новинарско прашање: Во врска со ставот за експертска влада разговарате со некои од опозициските партии покрај ВМРО-ДПМНЕ, каков е нивниот став бидејќи СДСМ не се сложува?

Одговор на новинарско прашање: Ние сметаме дека позитивен е сигналот од две политички партии коишто се надвор од нашата коалиција, а тоа се Алијансата на Албанците на господинот Зијадин Села и партијата Алтернатива на господинот Африм Гаши. Гледаме дека го делат мислењето дека на државата во ваква кризна економска надворешна политичка и здравствена ситуација повеќе би им помогнала експертска влада отколку Влада која што има изгубено доверба.

Новинарско прашање: Вашиот став околу кризната состојба?

Одговор на новинарско прашање: Ние нашиот став го кажавме уште во февруари, март месец оваа година кога побаравме кризна состојба, но тогаш на мал број заразени ставот на Владата, на премиерот Заев и на претседателот Пендаровски беше дека државата нема ресурси да спроведе кризна состојба на ниво на цела држава. Затоа сега се поставува прашањето дали тие биле искрени тогаш кога кажаа дека државата нема ресурси за воведување на кризна состојба  во март 2020 година или се искрени или можеби манипулираат денес кога воведуваат кризна состојба. Се сомневаме дека ова кризна состојба особено во здравствениот сектор може да донесе за некого дополнителни профити, а за некого или за некои здравствени установи дополнителен хаос кој што го имаме го голем дел од државните болници.

Новинарско прашање: Освен оставката што ја побаравте, ваш став за ветото од Бугарија?

Одговор на новинарско прашање: Наш став за ветото од Бугарија дека блокадата е неоправдана и вториот дел од нашиот став  е дека таа блокада како инструмент им ја овозможи премиерот Заев со потпишување на Договорот со Бугарија во август 2017 година кога го предупредувавме дека потпишувањето на таков договор ќе донесе повеќе проблеми за Македонија отколку решенија.

                   

Последни новости