fbpx

Прес конференции

Здравков: Кој ќе понесе одговорност за оваа несериозност во образованието во учебната 2020/2021 година?

Интегрален текст од изјава на Љубе Здравков

Почитувани,

Нефункционална национална платформа, ученици оставени сами на себе, професори кои се соочуваат со непознавање на системот.

Вака изгледа нашето образование три недели после почетокот на школската година.

Образовниот процес започна,а учениците и наставниците се‘ уште се соочуваат со проблеми, за кои очигледно Владата не може да најде решение.

Скапата платформа се‘ уште не е потполно функционална,а наставниците беа ставени пред свршен чин за краток период да се снаоѓаат како да ја одржуваат онлајн наставата.

Затоа, ја прашуваме локалната самоуправа, како одговорна за образованието во Штип:

Дали секое дете располага со електронски уред за следење на онлајн наставата, или „ги пушта низ вода“ социјално необезбедените граѓани, па ќе бара физичко присуство на тие деца?

Зошто скапата платформа, се‘ уште не е комплетно во функција?

Колку наставниците се подготвени соодветно да реагираат на високото ниво на информатичка писменост на учениците?

Дали наставниците знаат што се случува позади празните прозорчиња со иницијали на учениците, или се‘ е оставено на одговорност на поединецот?

Проблемите со текот на времето се наталожуваат,а истите ќе ескалираат при првото оценување и проверка на знаењето кај учениците.

Кој ќе понесе одговорност за оваа несериозност во образованието во учебната 2020/2021 година?

 

 

 

Последни новости