fbpx

Прес конференции

Заев - Дака панамската шема за перење пари и криминал за 2.000 стана во Тетово ќе го уништи градот

Интегрален текст од прес конференција - Александар Велјановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Со пари од Панама се прави криминал. Дали Дака-Заев панамската шема за перење пари и криминал за 2.000 стана во Тетово ќе го уништи градот?

Една недела откако го објавивме случајот власта молчи. Зделката за која слушнавме пред изборите дека е средена со поткуп од 300.000 евра и 2.000 квадрати простор, плус уште 4 милиони евра откако ќе се заврши работата, власта ја заврши на само еден ден по формирањето на владата.

Ова се документи на кои што може да се види дека сопственик на земјиштето на „ШИК Јелак“ е всушност фирма од Панама, тоа е фирмата „Адастра корп груп“, чиј сопственик е Миодраг Давидовиќ Дака, која ја поседува домашната фирма „Јелак градба“, каде управител е исто така Дака.

Се поставува прашањето зошто зад фирмата „Јелак градба“ стои фирма од Панама, која е оф шор држава и каде постојат сомнежи дека завршува капитал од перење на пари и други казниви дела.

Дали и какви се парите со кои ќе се гради во „ШИК Јелак“ и уште поважно, каде ќе заврши профитот од 200 милиони евра колку што ќе изнесува претпоставената заработка од целиот бизнис со 2.000 станови и илјадници метри квадратни деловен и станбен простор?

Дали парите заработени во Македонија од нашите граѓани ќе се изнесат назад во Панама?

Дали овој проект служи за чисто испумпување на пари?

И на крај дали парите за кои слушнавме од снимката која ја објавија медиумите, а Дака му ги ветува на Кичеец откако ќе се заврши работата завршиле кај Зоран Заев или друг претставник од власта?

Овој проект е преобемен и штетен. Го оптеретува централното градско подрачје и ја затвора и циркулацијата на воздух во Тетово, кој и онака е најзагаден град во Македонија.

Оваа градежна џунгла во најава ќе го уништи Тетово.

Мафијата, криминалот и власта во Македонија се едно исто и мора да паднат.

Последни новости