fbpx

Прес конференции

Извештајот на Стејт департментот покажа огромна корупција за која ние говориме постојано

 Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарски прашања: Неколку дена веќе ја држите актуелна темата со црногорскиот бизнисмен Дака. Имате ли повеќе информации за неговото дејствување тука во Македонија, неговите контакти? Дали планирате да поднесете кривична пријава против оние кои ги споменува во тој разговор со оглед на тоа дека обвинителството се уште не покажало интерес?

Одговор: Суштински е проблемот и тука обвинителството треба да си ја презема работата бидејќи  пипците на овој октопод водат кон Панама и тоа го видовте во статусот на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ но тоа беше објавувано и во медиуми. Сега што се случува. Имавме во минатото чарлиеви ангели, медиумски ѕвезди кои наместо да бидат бизнисмени да отвораат нови производствени погони или некој реновирани градинки училишта или се пуштат некој автопати главна медиумска ѕвезда беа обвинителките кои беа во СЈО знаете како тоа заврши. Еве пред некој ден читав повторно интервју на медиумска ѕвезда наместо во првите две недели да објавиме некоја нова инвестиција прва беше уривање на дивоградба што самите ја изградија и барање на сопственикот кој го знае кој е бидејќи си платил тоа што треба да си плати, второ работа беа мандатните писма, и трето кое мене ми остана забележливо е интервјуто на обвинителката. Наместо да гледате проекти наместо да видите како практично државата оди напред се инвестира во државата се намалува бројот на Ковид заболени, децата одат во градинки среќни, учениците го дочекаа првиот училишен ден на први септември, се зголемија примањата. Во владеењето на мафијата главен во медиумскиот простор  е јавниот обвинител. Еве ја охрабрувам нека појде во општина Тетово нека појде во Министерството за транспорт и врски нека, направи истрага и ќе добијат одговор за тесната врска меѓу мафијата и ваков тип на бизнис структури а пипците на  тој октопод се до Панама. Ги охрабрувам бидејќи се медиумски ѕвезди место да биде присутна во медиумите. Јас така размислувам дека на тој начин мојата држава треба да се развива но бидејќи знаеме како завршија СЈО сега имаме нов обвинител нека истражи нека види што се случувало. Ние имаме јасна претстава што се случувало македонската јавност преку оние нелегално стекнати материјали слушаше кој е господинот кој го има нарачано тој урбанистички план и за што е наменет.

Прашање: Минатата недела имаше извештај на Стејт департментот кој што вршеше анализа на 170 земји  се добива перцепција дека во Западен Балкан Македонија заедно со Албанија се најкорумпираните за водење бизнис?

Одговор: Меѓународната заедница граѓаните финансира едно обвинителство кое што всушност требаше да биде обвинителство кое што ќе беше главен борец и застапник на правдата. За жал видовме дека тоа обвинителство се претвори во рекет организација каде што се исплаќани би рекол хонорари повисоки од оние кои што ги заслужувале, но многу многу повисоки не малку повисоки. И на тој начин се изигра правдата, а се сеќевате тоа обвинителство беше силно поддржано од меѓународната заедница. Ние како ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш предупредувавме дека во државава владеат криминалци и дека има многу криминал, но тогаш бевме обвинувани дека тоа не е така. Еве извештајот на стејт департментот тоа го потврдува дека Македонија е практично меѓу двете најкорумпирани држави во Европа. Има уште една па тука е нашата држава. Втората работа која што е многу важна да се каже дека има странски инвеститори кои што доаѓаат од Соединетите Американски Држави кои што сведочат за криминал за криминални активности и рекет. И замислете сега каква е таа препорака за сите оние инвеститори кои што потенцијално би инвестирале во нашата држава. Тоа е дефинитивно, не само што не е препорака туку тоа е директно практично обесхрабрување да некој денеска да дојде да инвестира во Македонија. Еве јас ви кажувам сега бидејќи имаме вицепремиер кој што треба да се бори со криминалот и корупцијата иако имаме антикорупциски комисии, обвинителства, судови, министерства за внатрешни работи и тн..тоа нема да биде ништо друго освен орган кој што ќе биде злоупотребен за вршење политички притисок врз неистомисленици. И ќе гледате како ќе се однесуваат во периодот што следи и ќе видите дека тоа е основната цел. Зошто ова го зборувам, затоа што во владата не постои, во оваа влада не постои желба за справување бидејќи самата влада е мафијашка. Ако постоеше желба за справување со криминалот и корупцијата најпрвин првиот во владата немаше да е таму каде што е сега. Најмалку половина од членовите во владата нема да беа таму каде што се сега туку на друго место. Затоа и оваа година но и следната година истиот овој извештај можеби уште поразличен во негативна смисла ќе бидат објавувани. Затоа ние велиме ајде да се обединиме, ајде да го окрупниме опозицискиот фронт и да ја нападнеме оваа мафијашка владина структура.

Последни новости