fbpx

Прес конференции

Одговори на новинарски прашања на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ 

Прашање: Денеска во медиумите може да се види нов аудио запис за вашиот против кандидат во вашата изборна единица за Зоран Заев како договара да паѓаат судски случаеви, па ваш коментар околу целиот аудио запис?
Одговор:Не сум изненаден, тоа е нешто што го знае целокупната македонска јавност дека Зоран Заев целосно го контролира за жал во Македонија судството и обвинителството, дека од позиција на најмоќен човек во државата како тогашен премиер наредувал и нарачувал и судски прогони и судски пресуди и обвинителни акти и истраги и предистраги и така натаму. Со истите после тоа тргувал со цел да добие политичко влијание и политичка корист, така што ова што го слушаме денес е само потврда на сето она што ние го зборуваме со години наназад. Од истото Македонија ќе се спаси и ќе се исчисти после 15 јули. Доаѓа обновата и за сите овие незаконски дејства ќе има одговорност.

 

Последни новости