fbpx

Прес конференции

Јанушев: Граѓаните ни даваат поддршка затоа што преку глава им е од понижувањето на македонскиот народ

Одговори на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3 

Прашање: Koи се најголемите проекти што ги најавувате за ИЕ 3?

Одговор: Она што е важно за ИЕ 3 би го поделил во три сегменти каде во прв сет на проекти односно мерки на кои ќе стави фокус на новата вмада на ВМРО-ДПМНЕ е инфраструктурата и тоа во неколку пати го најавуваме бидејќи градовите општините кои се во ИЕ 3 особено Делчево и околината, целата Малешевија барем во овој сегмент во годините наназад беа помалку или повеќе запоставувани.
Фокусот ќе биде прво на она да се доизгради што го оставивме на СДСМ, а буквално еден клинец не заковаа завршувањето на експресниот пат Штип-Кочани, исто така Штип-Радовиш исто така експресниот пат кој го најавивме а кој ќе ги поврзува Куманово – Крива Паланка до граничниот премин со бугарската граница.
Она што исто така е мошне значајно за целиот овој регион е дека буквално веднаш ќе почнеме со подготвителни припреми за да овозможиме што е можно побрзо да започнеме со реализација на т.н. Коридор 8 мал кој сметам дека за Малешевијата, Делчево и околината е и те како важно.
Вториот сегмент ќе се однесува на земјоделието, земјоделците и се што е поврзано со земјоделците е од особено значење за нас и особено значење на државата, бидејќи на крајот тоа се тие вредни, трудољубиви луѓе кои ја хранат и целата држава. Она што ќе биде главен приоритет покрај овозможувањето на 160 милиони евра годишно да се исплаќаат субвенции, првиот и најважен дел во овој сегмент ќе биде навремената исплата на субвенциите. Со тоа сметаме дека на сите земјоделци без разлика во кој сегмент се занимаваат со земјоделие ќе им овозможи извесност и планирање и развој во понатамошното делување.
Третиот приоритет е секако економијата, зголемувањето на платите, на пензиите, зголемување на платите за 25 проценти или некаде по околу 6.500 денари повисока плата за секого, зголемувањето на пензиите за 20 проценти или некаде повеќе по 3.000 денари повеќе за секого, но исто така многу важен момент намалување на невработеноста под 10 проценти во четири годишниот мандат и нормално целиот сет на мерки кои ги предвидуваме во економијата, враќањето на рамниот данок, неговото намалување на 8 проценти, 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции во следните 4 години, реиндустријализација на државата, буквално се она што го предвидуваме со економскиот сет на мерки.
Прашање: Доколку победи обновата на следните парламентарни избори за колку време очекувате некакви промени во економијата во нагорна линија?
Одговор: Јас би одговорил на начин што обновата победува и бидете уверени дека првите мерки што ќе бидат превземени и резултатите од нив ќе може граѓаните да ги осетат во првите 100 дена од формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Прашање: Што мислите во последно време, гледам дека има црна кампања против вас. Што мислите за тоа и што би им порачале на политичките противници?
Одговор: Би им порачал слободно нека продолжат така бидејќи по се она што имавме прилика да го видиме, а за што не обвинуваат не видовме како 300.000 евра се земаат, ниту видовме како се договараат 2,4,6,8 милиони евра провизии за донесување на судски одлуки, ниту ги видовме Луј Витон куферчињата со милиони и милиони евра кои што како што слушнавме од веќе виновниот во тој процес, Бојан Јовановски дека директно завршувале кај Вице и Зоран Заеви, значи ништо од тоа не го видовме и сега имаме една ситуација каде што во очај каде буквално во немоќ, каде немаат буквално со што да се пофалат дека се обидуваат да го извалкаат моето име, чест и углед. Меѓутоа уште еднаш го потценуваат македонскиот народ, а бидејќи сметаат дека на тој начин можат да направат некаква разлика, слободно секој избира начин како ќе делува и како ќе ја води кампањата. Јас донекаде ги разбирам бидејќи немаат со што да се пофалат, јас веќе во неколку наврати го кажувам тоа и повторно ќе го повторам тоа од тука од Делчево, еден човек во државата било кој небитно дали ВМРО-ДПМНЕ, дали е СДСМ, дали е Македонец, Албанец, Турчин, Бошњак или било кој друг нека слика и нека објави на социјален медиум еден проект кој СДСМ го смислиле го финансирале и еве не мора да го завршиле барем да го започнале. Такво нешто не постои, бидејќи станува збор за најнеспособната влада во историјата на државата чиј што единствен интерес е криминал, корупција, лаги и манипулации.
Прашање: Колку очекувате излезеноста да биде вака кога се среќавате со граѓаните што велат, ќе излезат ли?
Одговор: Очекувам во ИЕ 3 да ја има најголемата излезеност на територијата на државата. Далеку поголемо од она што СДСМ преку своите механизми се обидува да влијае кај народот. На народот му е дојдено преку глава. Поддршката од народот која ја имаме, дали кога јас сум присутен во тие посети и средби со граѓаните дали се нашите кандидати за пратеници, овде со нас се Драган Ковачки и Христина Смилевска, буквално на сите нас најголем дел од населението ни ја даваат поддршката, бидејќи преку глава им е од целото понижување на македонскиот народ од свиканата кичма од буквално урнисувањето на македонската држава.

 

 

Последни новости