fbpx

Прес конференции

Стојаноска од Гостивар: Со обнова до проектот еден денар за спортот и еден денар за културата од акцизите за нафта и нафтени деривати

Соопштение до јавноста

Денес носителот на изборна единица 6, Дафина Стојаноска ја посети општината Гостивар и порача дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе започне реализација на проектот еден денар за спортот и еден денар за културата од акцизите за нафта и нафтени деривати.

„Денешнава претпладневна агенда ја започнавме со организација на Унијата на жени на Гостивар и учествувавме во еден спортски марш. На овој марш жените на Гостивар дадоа поддршка за спортот и за младите. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма „Обнова“ се обврзува дека ќе издвојува еден денар за спортот и еден денар за културата од акцизите за нафта и нафтени деривати“, истакна Стојаноска.

Стојаноска додаде дека тоа се оние акцизи кои што СДСМ за само три години владеење дури два пати ги покачи.
„Го трчаме последниот круг од нашиот марш до победата. И секој ден сме се побројни и се погласни, обновата доаѓа. ВМРО-ДПМНЕ победува“, порача Стојаноска.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости