fbpx

Прес конференции

Ослободување од партиципација за сите редовни студенти за учебната 2020/2021

 

Интегрален текст од видео рпес конференција на Јован Јаулески, претседател на Унија на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ ги става студентите на прво место. Поради последиците од коронавирусот врз економијата и буџетот на граѓаните, погодени се и студентите и нивниот стандард на живот.

Во таа насока владата на ВМРО-ДПМНЕ уште во првите 100 дена ќе предвиди ослободување од плаќање партиципација за сите редовно запишани студенти на државните универзитети за учебната 2020/2021 година.

Младите се стожерот на државата и нејзината иднина. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на повеќе проекти и мерки за младите, кои ќе креираат услови тие да имаат можност да останат тука, да градат кариера и свое семејство.

Како дел од преодната стратегија на ВМРО-ДПМНЕ за првите 100 дена од владата, но и во насока на пребродување на последиците кои ги нанесе коронавирусот на економијата ќе се насочиме кон отворање на нови работни места и помагање на оние кои своето работно место го загубиле.

Во таа насока се обврзуваме уште во првите 100 дена од формирањето на владата, да спроведеме целосно ослободување од придонеси и персонален данок на доход за секое ново вработено лице до 29 години во периодот од септември на 2020 година до крајот на 2021 година.

Дополнително секое лице до 29 години кое ја изгубило работата во периодот по март оваа година, а заклучно до крајот на годината, а има стаж на осигурување од најмалку еден месец, па сè до пет години, ќе добива неповратна финансиска помош во период од три месеци.

Се обврзуваме да обезбедиме дополнителни работни места, во соработка со Агенцијата за вработување, компаниите и стопанските комори, академската заедница и компании за едукација, при што ќе организираме интензивни онлјан курсеви за млади невработени лица. По успешното завршување на овие обуки лицата ќе бидат вработени од страна на компаниите кои ќе бидат дел од програмата.

Ова е мал сегмент од мерките кои владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги имплементира уште во првите 100 дена во насока на пребродување на последиците од коронавирусот врз младите.

Дополнително во нашата програма Обнова, предвидени се стотици проекти, кои ќе имаат директен импакт за подобрување на животот и стандардот на младите и студентите.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат единствено повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Последни новости