fbpx

Прес конференции

Во новата влада 40 проценти ќе ја предводат жени

Интегрален текст од изјава за медиуми на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Носител на листа на изборна единица 3

Овде во Свети Николе продолжуваме со средба со граѓаните и со партиските активности.
Остваривме средба со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ која што е секогаш со нас рамо до рамо ја водиме оваа битка против оваа криминално рекетарска власт.
Исто така сакам да ги поздравам Унијата на млади сили, нашите најмлади но и најактивни членови во партијата кои што се секогаш тука заеднички сплотени да се избориме во оваа битка за Македонија.
Она што сакам да го соопштам а што веќе го разговаравме и со членките на Унијата на жени она што планираме како ВМРО-ДПМНЕ во следните 4 години предводејќи ја владата да го направиме во однос на родовата еднаквост и затоа најавуваме дека 40 проценти од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат жени.
Ќе се бориме буквално на секое поле, посебен акцент ќе ставиме на семејното насилство односно искоренување на семејното насилство и донесување на жената на она место кое што навистина го заслужува во општеството. Жената пред се е сестра, мајка, така што мора да продолжиме да работиме на ова поле.
Исто така ќе обрнеме особено внимание на жената земјоделец кое што е многу сериозно прашање особено во Свети Николе и светиниколско бидејќи земјоделието е една од главните гранки од што живее овој наш трудољубив народ.
Да не ја заборавиме и поддршката која што ќе ја дадеме во спортот. Тука сме знаеме како и гласајте за број 14 за 14 пратеници во изборната единица 3.

Последни новости