fbpx

Прес конференции

Стојаноска: Македонската историја и нејзините херои никогаш нема да се заборават

Соопштение до јавноста 
Денес носителот на изборна единица 6, Дафина Стојаноска при својата изјава од пред споменикот на Мајор Чеде Филиповски посочи дека Македонците нема никогаш да се откажат од своите херои и секогаш ќе ги паметат.
„Штотуку положивме свежо цвеќе на споменикот на херојот од македонската народноослободителна борба Чеде Филиповски Даме. Од ѕидарски работник до командант на дивизија. Од член на партиска ќелија во с. Никифорово до член на АСНОМ. Чеде Филиповски Даме е запишан со златни букви во македонската историја“, појасни Стојаноска.
Стојаноска додаде дека денес пред споменикот на Чеде Филиповски Даме се обврзуваат дека АСНОМ, македонската историја и нејзините херои никогаш нема да се заборават, ниту да се порекнат од нив.
„Македонијо исправи се“, порача Стојаноска од пред споменикот на Чеде Филиповски Даме.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости