fbpx

Прес конференции

Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

 

Новинарско прашање: Коментар околу вчерашните информации од МВР дека се злоупотребувало следењето?


Одговор на новинарско прашање: Да, веќе има и официјална потврда од страна на институциите дека е прислушувано од страна на параполициските структури на СДСМ, блиски до Зоран Заев кои следат и слушаат буквално се живо во државата што му е интерес на Зоран Заев. Ги слушаат и полицијата, ги слушаат и следат и опозицијата. Официјалната потврда за злоупотребување на прислушувањето веќе е стигната од страна на институциите и ова е еден скандал кој говори дека Зоран Заев е еден очаен и исплашен човек кој што буквално во секој чекор ја следи опозицијата, го следи раководството на опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ, го прислушува се со цел само за да има простор само да креира лаги и измами и да шири невистини преку добро познатите методи кои што наназад се покажаа како методи кои што не се функционални, подоцна беа демантирани од наша страна, односно секогаш вистината излегуваше на виделина. Верувајте дека за ова прислушување, крајот и одговорноста доаѓаат многу брзо, тоа е веднаш по изборите кога и да се одржат и за ова ќе мора да се сноси одговорност у уште еднаш како и во еден мој претходен прес на оваа тема би сакал да им порачам на оние извршители кои што во моментов се дел од тие параполициски структури на СДСМ да внимаваат што прават, бидејќи ќе дојде ден кога ќе треба да сносат одговорност, а нема да има никој да ги заштити. Ниту ќе може Зоран Заев да ги заштити, ниту па било кој друг бидејќи закон во оваа држава ќе постои и мора да постои и да владее и затоа ќе одговараат сите до еден и нарачатели и извршители.


Новинарско прашање: Дали постои можност за компромис за консензуално одредување на датум за изборите меѓу власта и опозицијата и дали според вас треба да се продолжи вонредната состојба?


Одговор на новинарско прашање: Видете, во однос на консензуално договарање за датум на избори јас не гледам и како поинаку како би се договориле изборите односно нормално е да се договорат со консензус, односно нормално е да се договорат да се одржат тој датум кога нема да биде загрозено здравјето на граѓаните. Она што моментов го гледаме е очајното брзање на избори од страна на СДСМ кое што е спротивно од здравјето на граѓаните бидејќи гледаме дека денеска има нови 58 ново заразени. Тоа не алудира дека има можност и може да се одржат брзи избори што се вели уште утре. Нормално е консензуално да се донесе датумот за изборите бидејќи и консензуално односно едногласно беа одложени изборите. Не би требало сега да исполнуваме нечии желби на очајни политичари кои се пред крајот на својата политичка кариера како што е Зоран Заев.
Во однос на вонредната состојба ќе мораме да ги согледаме сите аргументи кои што ќе гравитираат околу продолжувањето или непродолжувањето на вонредната состојба. Во овој момент можам само да искоментирам дека несфатливи се и не можат да бидат разбрани од страна на граѓаните, ниту пак од било кој во државата односно конфузни се властите од СДСМ односно владата предводена од СДСМ, зошто? Затоа што во еден момент бараат прекинување на вонредната состојба во друг момент бараат нова вонредна состојба која што беше продолжена 15 дена. Во еден момент велат дека треба да има педесет шест или осум часовен карантин, колку и да беше минатата недела, веќе наредниот ден велат дека треба да прекинат сите мерки и дека треба да се отвори се во државата за да функционира многу нормално. Така да гледаме дека се случува една шизофрена ситуација во СДСМ. Не се координирани конфузни се, така да треба да почекаме да ги согледаме реалните аргументи и со трезвена глава, доколку има некој трезвен во Владата на СДСМ, а гледаме дека нема да се одлучи дали треба или не треба вонредна состојба.


Новинарско прашање: Дали преку Каналот за комуникација е остварено доближување на ставовите меѓу партиите кога треба да се одржат изборите? Дали е тоа некаде во првата половина на јули? Дали треба да се продолжи вонредната состојба, со оглед на големиот број новозаболени?


Одговор на новинарско прашање: Во однос на последниот дел од прашањето, вонредната состојба одговорив во претходниот мој одговор. Во однос на каналот за комуникација и претседателот Мицкоски јавно кажа дека има канал на комуникација, но во моментов не би имал простор да дадам некои детали од таа комуникација ќе треба да почекаме да видиме што ќе се случи официјално. Во однос на датумот за избори, кога треба да се одржат, тоа е можеби преку илјада пати кажано од наша страна. Изборите треба да се одржат во оној момент кога ќе бидеме сигурни дека не е доведено во прашање здравјето на граѓаните. Така да тоа е датумот кога би требало да се одржат изборите.


Новинарско прашање: Покрај тоа што утре завршува вонредна состојба, доаѓа и времето на ултиматумот на СДСМ кон вас за договор за датум на избори. Како ќе пристапи ВМРО? Дали ќе прифатите избори на 5 јули?

Одговор на новинарско прашање: Во однос ва вонредната состојба, да веќе го знаете нашиот став,го кажав. Во однос на ултиматумите од страна на СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ, целата држава и граѓаните, односно ултиматумот беше или ќе има избори сега, гајле ни е за вашето здравје, дали ќе има ново заразени и ново починати или нема да има сега избори. Еднаш кажав, ќе повторам уште еднаш, СДСМ и Зоран Заев оддамна не се фактор кои што ќе даваат ултиматуми до партиите, опозицијата и граѓаните. Во моментов немаат ниту простор, ниту механизам ниту пак ќе имаат да даваат ултиматуми. Така да мислам дека тоа е веќе одговорено и веќе е јасно.

 

.be

Последни новости