fbpx

Прес конференции

Молкот на Нина Ангеловска и паушалните одговори од општината ги потврдуваат нивните намери за во иднина

Интегрален текст од прес конференција на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,
Вчера јавно упативме прашања до Нина Ангеловска, СДСМ и Стефан Богоев, а одговор добивме само паушално соопштение од општината каде што се правдаа дека не ги тепале граѓаните на Трнодол при јавниот увид за кој имаше и снимки, и сите видоа дека ги тепаат.
Денеска, во функција на граѓаните, повторно ќе упатиме неколку прашања. министерката Нина Ангеловска, односно нејзиниот татко поседува парцела од 4.418 м2 во Трнодол, веднаш над населбата, односно на границата со постојниот ГУП, над обиколницата која треба да поминува над Трнодол.
Ова упатува на тоа дека многу веројатно е со отворањето на следниот ГУП од страна на Петре Шилегов, границата на ГУП-от да се помести и да влезе и семејната парцела на Нина Ангеловска во идниот ГУП, па дури потоа да може да се гради на таа парцела.
Во спротивно, доколку не е вистина дека ќе се гради обиколница која патем е влезена во урбанистичките планови, како што им говорат општинарите на жителите од Трнодол за да не го почувствуваат нивниот гнев на изборите, доколку не е вистина дека во иднина има простор и начин тоа земјиште на Нина Ангеловска да стане градежно, зошто тогаш се прави улица низ Трнодол која ќе води до обиколницата за која што велат дека нема да ја прават и непосредно до парцелата на Нина Ангеловска?
Зошто Нина Ангеловска молчи на оваа тема и не одговара на прашањата?
Затоа што има интерес кој би го реализирало нејзиното семејство во иднина. Цените по метар квадратен во тој реон кај Трнодол достигнуваат и над 500-тини евра по квадрат, а во иднина цената на семејната парцела на Нина Ангеловска би достигнала и вредност над 2.2 милиони евра.
Имајќи ги предвид сите лаги и невистини на СДСМ, имајќи предвид дека се што кажаа – излажаа и не си останаа на зборот, многу веројатно е, а и граѓаните се свесни дека овој ДУП има лукративни намери за во иднина да се офајдат и збогатат одредени луѓе.
Граѓаните на Трнодол не можете да ги лажете. Тоа се кротки луѓе и свесни се дека сакате да им го нарушите мирот за да се збогатите, вие функционерите од СДСМ. За жал ќе ви удрат шамар за ова. Не вреди ниту еден ќотек што им го удривте за да може да се богатат министрите на СДСМ.
Ова е скандал кој треба да се земе со сериозност и да се следи многу претпазливо во иднина. Министерката која што игра со државниот буџет како да е детска касичка, би можела во иднина сериозно да се офајди од овие урбанистички планови.
Додека Нина Ангеловска молчи, граѓаните нека ценат дали позади притисоците и ќотекот кој што го добија за носењето на урбанистичкиот план во Карпош има лукративни цели наменети за одредени луѓе да се збогатат.

 

 

.be

 

Последни новости