fbpx

Прес конференции

Да се збори за избори во едни вакви услови е морбидно, бараме разрешување на комисијата за заразни болести

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,
На оваа прес конференција ќе се обратам на две теми. Првата е многу важна и е реакција на последните информации кои се објавија во медиумите поврзани со бројот на новозаразени од корона вирусот.
Новото нормално за Заев и Владата на Спасовски е што денес имаме дури 58 новозаразени, и неколку починати.
Ова е крајно сериозна и алараматна информација која треба да ја крене на нозе државата и да го сврти вниманието кон системот кој не функционира и се плаќа со животи.
Да се зборува за избори во едни вакви услови не само што не е нормално туку е и морбидно, и ВМРО-ДПМНЕ се противи на тоа да биде дел од сценариото на Заев за организирано убиство на граѓаните.
Ова е најсилен аргумент дека брзи избори ја движат државата кон изборна кланица, а не изборен и кредибилен демократски процес.
До овде дојдовме затоа што Владата, Филипче и Заев глумеа нормализација, а новото нормално е 58 новозаразени и бројка која постојано расте. Здравјето на граѓаните мора да биде пред сечив политички интерес без оглед дали се работи за интересот на Заев или некој друг.
Се поставува сериозен сомнеж и за работата на комисијата за заразни болести, и препораките кои тие ги даваат во изминатиот период. Тие се под политички притисок, наместо да го гледаат здравјето на граѓаните. Најголемиот дел се директори поставени од оваа власт дури има и кандидат за пратеник. Но ова не е време за водење политика, туку за носење на одлуки за заштита на здравјето на граѓаните. Комисијата исто како и владата потфрли, а бројката на новозаразени потврдува дека е доведено здравјето на граѓаните во опасност. Од тие причини ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и повикува на разрешување на комисијата за заразни болести, и итно формирање на нова составена од експерти и надпартиски решенија кои ќе донесат итен пакет на мерки за заштита на здравјето на граѓаните.
Тоа е примарно да се направи во овие моменти.

 

.be

 

Последни новости