fbpx

Колумни

Со љубов ги победувавме и со патриотизам и достоинство пак ќе ги победиме

Колумна за КУРИР на Рашела Мизрахи кандидат за претник во Изборната единица 2.

Соочени со кластерот на неспособност кој денес владее со Македонија, не можеме, а да не се присетиме на основните постулати, врз кои почиваат суштинските разлики помеѓу узурпаторите на власта и реалниот народ.

Додека тие промовираат селфи, како официјален протокол при посетата на странски државници, ние инсистираме на државната химна.

Додека скришно и подопашно воведуваат цртички во изводите од матичните книги на родените, ние гласно извикуваме МАКЕДОНЕЦ, МАКЕДОНСКО, МАКЕДОНСКИ, МАКЕДОНИЈА!

Додека ги брусат симболите од шахтите, ние се гордееме со корените.

Додека ни ги бришат поетите и писателите, ние наизуст ги учиме песните за Татковината!

Додека лажат и пустошат, ние знаеме дека многу бргу ќе се соочат со правдата!

Додека ги кинат ознаките од униформите на војниците, ние уште повисоко го креваме бајракот на македонското заедништво!

Додека ни го кусурат јазикот, создаваме на истиот јазик кој никогаш нема да го раскусурат! Додека се срамат од себе си, не прават уште погорди што постоиме!

Додека нѐ затвораат по занданите, излегуваме уште послободни бидејќи правдата можеби понекогаш доцни, но секогаш стигнува!

Додека прават сѐ да не поништат, погледите во пиреј им се заплеткуваат!

Додека нѐ обвинуваат за национализам, треперат пред огромниот наплив на нашата љубов кон Македонија!

Додека се ужаснуваат од пресови пред таблите на кои пишува Македонија, трчаат да се сликаат пред симболите што предизвикуваат немир и неспокој!

Додека се убедуваат себе си дека се глобални граѓани на светот, ние светот го прегрнуваме искрено и македонски!

Нема почит без самопочитување и нема одлуки за нас, без нас!

Со љубов ги победувавме и со патриотизам и достоинство пак ќе ги победиме!

Тоа го знаат и самите…

Доаѓа тој ден Македонијо!

Последни новости