fbpx

Колумни

Муртинскиот Минхаузен

Колумна за Курир на кандидатката за пратеник во ИЕ2, Рашела Мизрахи

Античката митолошка мудрост не учи дека не им се верува на Данајците дури и кога дарови носат. Таквите дарови се опасни, лажни, лицемерни и носат злокобна порака која секогаш завршува фатално за оној кому е наменета, како што впрочем подарениот тројански коњ беше фатален за тројанците кои својата лековерност ја платија со крв.

Современата македонска верзија на оваа предупредувачка сентенца би била „Не може да му се верува на Заев, дури и кога дарови носи”, без разлика дали тоа го прави преку своите уценети активисти, во време на „полициски час” или гордо истопорен пред ридот полупразни кутии со кои на мизерен начин се обидува да ја добие наклонетоста од најранливите и сиромашните. Под превезот на лажна грижа за социјалната положба на нашите сограѓани во социјален ризик, Заев го навредува достоинството на граѓаните кои секојдневно мака мачат да го прежиеат животот што Заев им го донесе.

Нема насмевки во лицемерните пакети, нема достоинство во подарените инвалидски колички кои соработниците на Заев им ги одземаат на инвалидите затоа што објавиле несоодветен фејсбук статус. Муртинскиот Минхаузен не беше насаден на власт за да се исмева со социјалната положба на народот, туку да овозможи услови за достоинствен живот. Нема работни места, нема инфраструктура, нема подобрување на животниот стандард, нема улици и патишта, нема бесплатно здравство, но затоа од дното на сопствената човечка и духовна мизерија Заев дели пакети во грчевит страв од надоаѓачкиот пораз на изборите, по кои доаѓа времето на ОДГОВОРНОСТ!

За девастираната држава, за безочните кражби и пустошот во економијата, за плантажите со марихуана на семејството Заеви, вклучително и на синот на Боро Малборо, еден од пајташите на Заев што беше жив фатен како шверцува цигари преку граница!

Мизерни пакети за сиромашните, но нов мерцедес од 250 илјади евра за Заев, ваучери за оние со бедни плати, но стотици илјади евра за роднинскиот картел од непостоечкото СЈО. Сто евра од новите задолжувања на државата за оние со мали примања, но куќа од милион евра за Шеќеринска и нови монденски патувања на азурното крајбрежје за потесното семејство на Заеев. Седум дена во Андон Дуков, Мардаја или Ачикот, за рајата што со десетици илјади евра ја плаќа школарината на ќерката на Димитров! Тие немаат пари, но затоа народот македонски има и ќе ги плаќа нивните белосветски баханалии и ќе чека во ред за да добие пакет од Заев!

Браќа и сестри!

Слободно земајте ги пакетите што како изборен поткуп ви ги нуди одродот од Муртино. Но, бидете свесни дека не му должите ништо, бидејќи и онака се е купено со пари кои ви припаѓаат вам! Заев не може да ви даде нешто што е ваше! Освен ако не мислите дека парите со кои тој се расфрла, ги спечалил татко му со штедење на струја?!

Земете се што ви припаѓа и бидете на штрек!

Чекајте го денот во кој плебисцитарно, масовно, сите, ќе го симнеме од власта што ја узурпира, во државата од која сам се одроди!

Доаѓа денот! Безобразието и недоветноста ќе ги победиме силно и заеднички! Засекогаш!

 

Последни новости