fbpx

Интервјуа

Ѓорѓиевски: Нема да користам службено возило, ветувам во Кисела Вода нова поликлиника, индустриска зона и пожарна

Kисела Вода е општина која во изминативе години не е инвестирано буквално ништо, општина без ниту еден капитален проект, нема улица која е без дупка, па е претворена во еден голем голф терен.

Во 21 век граѓаните живеат без фекална и атмосферска канализација. Проблем е и недостатокот на градинки и во овој момент над 400 деца чекаат да бидат примени.

Ова се најголемите проблеми со кои се соочува Кисела Вода според кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски за кои говори во интервјуто за „Република.

Тој објаснува дека имаат и решенија за сите овие проблеми.

Проблемот со градинките ќе се одвива во две фази. Ќе понудиме изградба на две нови градинки, едната во село Драчево а другата во урбаниот дел на Кисела Вода и зголемување на капацитетите на постоечките. Немаме ни пожарна , има само станица во Драчево и предолго се чека да реагираат противпожарните возила.Ни недостасува уште една станица во урбаниот дел на Кисела Вода. Потребна е и поликлиника бидејќи за обичен преглед треба да одиме во државната болница или во „Јане Сандански“.Затоа најавувам изградба на нова поликлиника во Расадник-набројува Ѓорѓиевски.

Тој ветува дека приоритет за време на неговиот мандат ќе му биде интересот на граѓаните.

Како пример за комплексот „Расадник“ треба да се распише меѓународен тендер за идејно решение и во соработка со граѓаните и сопствениците на парцелите да биде избрано најдоброто идејно решение. Нема да дозволам да бидам во служба на поединецот. Јас во ова битка влегувам да си го заштитам сопствениот народ и граѓаните, а не урбаната мафија.

Во општина Кисела Вода се планира и изградба на нова населба.

Новата населба е планирано е да биде на влезот на Драчево во местото Чуприја, после индустриската зона во Пинтија од десната страна. Повеќето се приватни плацови но планираме да ги урбанизираме и таму да направиме една убава нова населба која ќе биде за млади брачни парови, урбанизирана, со детски катчиња.

Ѓорѓиевски смета дека е потребна и целосна реорганизација на општинската администрација.

Сега ако поднесете било какво барање во општината ви треба ви требаат од шест месеци до една година за најобично барање. Тука вината не е кај вработените, таму има прекрасни професионалци. Проблемот е во лошата организација и неспособноста на актуелниот градоначалник. Имаме сектори кои се пренатрупани во вработени а од друга страна имаме а од друга страна имаме сектори, како секторот легализација каде има илјадници предмети нерешени. Во општината фали целосна реорганизација. Планирам да воведам начин со рокови за исполнување на обврските. Кога граѓаните ќе поднесат било какво барање службите ќе имаат одреден рок до кога службите да се произнесат и да одговорат. Планираме да воведеме служба со која ќе го олесниме и начинот граѓанинот да не доаѓа по вторпат во општината туку човек од општината да ви го достави решението или документот на рака.

Ѓорѓиевски најавува и промени во работењето како иден градоначалник

Нема да бидам човек кој ќе биде заробен во канцеларијата, недостапен за граѓаните, туку близок со нив, барем двапати во неделата ќе посетувам населени места. Сакам одблиску да се запознаам со проблемите. Јас ќе бидам градоначалник кој нема да користи службено возило, нема да трошам службено гориво и да користам репрезентација. Јас ќе бидам нормален сограѓанин кој само ќе ја администрира општината и ќе бидам прв меѓу своите за да ги решава проблемите на граѓаните-ветува кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

Во општина Кисела Вода за време на неговиот мандат треба да има и две нови индустриски зони.

Тие ќе бидат во рамки на постоечката индустриска зона со тоа што едната ќе биде во вториот ред кај Пинтија а другата, а другата ќе биде на излезот од Драчево. Во едниот дел најголем дел од плацевите се во државна сопственост и ќе бидат парцијализирани со обезбедена инфраструктура и на јавна аукција ќе се нудат на инвеститори. Другиот дел најголем процент се приватна сопственост со вредност од пет до десет евра. Инфраструктурно ќе го обезбедиме тој појас. Плацевите сопствениците ќе можат да ги понудат по цена од педесеттина евра по квадрат. Тука правиме две добри дела. Од една страна ќе донесеме инвеститори и нови работни места а зголемување на вредноста на постоечките сопственици.

 

 

Последни новости