fbpx

Интервјуа

Данела Арсовска е човек кој има импозантни достигнувања, со план и визија, таа води на анкетите

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва во „24 Анализа“ во Телевизија 24, во врска со кандидирањето на Данела Арсовска за градоначалник на Град Скопје, истакна дека таа е личност која има импозантни достигнувања, а ако на истите се додаде нејзиониот план и визија за Скопје, не зачудува нејзиниот потенцијал на анкетите.

Во рамките на анкетите меревме и потенцијал, а потенцијалот кај г-ѓата Данела Арсовска беше прилично голем и тоа ќе се види уште на 17-ти октомври, нејзиниот личен потенцијал и нејзината биографија е навистина импозантна, Сојузот на стопански комори со кои таа менаџира е дел од една светска поголема структура од стопански комори повеќе од 12.700, таа е дел од  Управниот одбор , што е сериозно признание за човек пред се кој доаѓа од Македонија, таа исто така е еден од обучувачите на земјите од Г20, станува збор за едно импозантно лично портфолио, појасни Мицкоски.

Тој истакна исто така дека ако на личното портфолио се додаде на нејзината визија и план за Скопје, не зачудува нејзиниот потенцијал на анкетите.

ВМРО-ДПМНЕ е реформирана партија, а ценам дека ВМРО-ДПМНЕ излегува од она партиско портфолио тогаш кога ќе препознае потенцијал, а среќен сум и задоволен што скопјани ќе можат да соработуваат со личност како што е г-ѓата Арсовска, вели Мицкоски.

Последни новости