fbpx

Интервјуа

СДСМ има кревко мнозинство, ВМРО ДПМНЕ е на пат да креира ново парламентарно мнозинство

Во гостувањето во емисијата Утрински брифинг пратеникот од редовите на ВМРО- ДПМНЕ Дарко Костовски кажа дека повеќе од јасно е дека владејачкото мнозинство е кревко и дека во таква состојба доколку еден или двајца излезат од мнозинството владата практично паѓа.

– Веќе и јавноста знае дека станува забор за кревко мнозинство имаат нешто над 60 што е многу малку особено за млада демократија како Македонија каде што знаете како еден или двајца да излезат од тоа мнозинство владата паѓа. Што тоа значи тоа значи дека сме подлежни мнозинството е подлежно на уцени тие постојани се уценуваат јас сум убеден во тоа и во таа смисла државата е заложник на некој си уцени кој што доаѓаат од тесно партиски интереси а некогаш и од лични интереси што е голем проблем рече Костовски.

Пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Дарко Костовски потенцираше дека ВМРО – ДПМНЕ е на праг да формира ново парламентарно мнозинство и тоа врз база на политичка платформа преку која се нуди можност на помалите партии да излезат од ќорсокакот во кој ги води СДСМ.

-Она што е важно и што го истакнува ВМРО – ДПМНЕ во последниот период. претседателот Мицкоски некој од подпретседателите во моментот дека сме на праг да формираме и ново парламентарно мнозинство меѓутоа не врз база на одредени уцени туку на една понуда на политичка платформа особено од оние помали политички партии кои што го чинат мнозинството. Практично нудиме една можност и тие самите да излезат од овој ќорсокак во кој што ги води СДСМ, појасни Костовски.

Последни новости