fbpx

Интервјуа

Поради немање капацитет на старо новото мнозинство, функционирањето на Собранието е блокирано

Релевантно е да ги добиеме податоците на луѓе кои што се иселиле, но не мора да се спроведе попис за да ги имаме ние тие податоци, бидејќи со системот на интегрирано гранично управување, со дата базите кои што ги има Министерството за внатрешни работи, МВР многу брзо и ефикасно во рок веројатно од еден ден може да агрегира кој во кој период колку луѓе се иселиле од нашата држава доколку ние имаме вистинска желба за тоа, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во утинската емисија Добро утро, секое утро на ТВ Алфа, зборувајќи за Законот за попис.

Муцунски истакна дека во Собранието се бара поддршка за гласање на законите без притоа пратениците да имаат целосна информација за тие закони, укажувајќи дека се случува едно политичко насилие односно како што рече тој во последниот период поради немање капацитет да функционира старо новото владејачко мнозинство собранието е блокирано.

Ова што вие го зборувате упатува на уште една од низата забелешки што ги имавме ние како политичка партија кога се носеше законот. Се носи закон а методологијата се уште не е донесена и не е презентирана пред пратениците, што значи дека ние во целата таа дебата работевме со нецелосни информации и сега обврската на пратеникот е кога одлучува во името на тој кој што го делегирал, еве јас на крајот од денот сум делегиран од мои сограѓани да бидам нивен претставник во собранието и е страшно тешко вие да носите одлуки а ова не е пример само со овој закон. Ние сме во ситуација на пример каде што се бара пратениците да поддржат задолжување на Република Македонија кои се со милионски износи без притоа да ги имаме целосните информации за проектите кои што би се спроведувале тие средства. Така што тоа е само уште еден индикатор за ова функционирање на ова старо ново владино мнозинство дополнето со уште партнер кој што работи тотално нетранспаренто, имаме политичко насилие во собранието, а во последниот период интересно е тоа што заради немање капацитет да функционира таа коалиција сега веќе скоро еден месец функционирањето на собранието е блокирано од мнозинството, вели Муцунски.

На прашањето што е следно по Собранието 100.000 потписи против Законот за попис, Муцунски нагласи дека ќе следува иницијатива од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со кој ќе се предложи закон со кој ќе се укине законот за попис, а тоа практично како што потенцираше тој ќе значи отворање на врата за организирање на еден попис со една поинаква методологија.

Ќе следува иницијатива од страна на пратеничката група и Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со која што ќе предложиме закон кој што ќе го укине овој закон и практично што е нашата цел, да отвориме врати за организирање на еден попис со една многу поинаква методологија во текот на следната година. Дали ќе има доволно капацитет и волја кај мнозинството да ја препозна таа реалност на перцепцијата на граѓаните,  на перцепцијата на многу организации, вчера видовме и Македонската Православна Црква излезе со поддршка на тоа дека треба да се размисли за откажување на пописот, значи не е само ВМРО-ДПМНЕ туку е голема група на граѓани, различни организации, креатори на јавно мислење, експерти кои што велат, да за попис, но не за ваков попис и не за попис во 2021та година, вели Муцунски.

 

 Со Почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости