fbpx

Интервјуа

По „мастер сценариото“ на власта Мијалков требаше да организира пуч во ВМРО-ДПМНЕ, планот на Заев му се удри од ѕид

 

Во вечерашното издание на „Што не е јасно“ во Алфа телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во врска со бегството на Сашо Мијалков  истакна дека мастер сценариото на власта било Мијалков да организира пуч во ВМРО-ДПМНЕ, но планот на Заев му се удрил од ѕид затоа што македонската јавност се спротивстави на манипулациите со владеење на правото, па СДСМ во очај мораше да смислува глупости за да се испере пред граѓаните.

Ова е едно мастер сценарио на СДСМ, во кое попусто се обвинува ВМРО-ДПМНЕ, јас вчера на пратенички прашања го прашав Зоран Заев ако веќе бегалецот од правдата бил во Скопје во која куќа или стан и дали е спроведена редовната процедура со претрес на таа куќа што е нормална пракса за да можат од таму да се прибават докази, но требало да се провери што има во таа куќа, а Заев одбегна да одговори на истото, вели Александар Николоски.

Николоски вели дека чиста глупост се обвинувањата кон ВМРО-ДПМНЕ за поврзаност со бегството на Сашо Мијалков, затоа што службите можеле во било кој момент да ги проверат просториите на партијата, но можеби бил во Владата или во просториите на СДСМ каде дозвола за влез може да се добие само од Заев.

Мастер сценариото на СДСМ започнува некаде од јануари месец, во коешто требаше да се истргува со правдата, да се направи притисок врз судот за минимална казна, а за возврат да Сашо Мијалков организира пуч во ВМРО-ДПМНЕ и да ја потсетам јавноста не случајно прес конференцијата на тој фамозен Иницијативен одбор се случи само ден по завршните зборови од случајот, кога беше јасно дека црно му се пишува.

Николоски вели дека откако власта увидела дека не може да ја контролира ситуацијата прво му рекла да бега, а потоа под притисок од меѓународната заедница го вратија некаде од пред Белград затоа што им пропаднал планот.

Во еден ваков очај власта мораше да смислува глупости за да може да испере, но задоволен сум од македонската јавност покажа една голема сензитивност за владеење на правото и се спротивстави на манипулациите кои Зоран Заев ги прави четири години по ред со правото и правдата, па така тие кои му се пријатели на Заев, како брат му, братучед му, бизнис партнерите, не одговараат, а сите други одговараат дури и за најмали работи  – потенцираше Николоски.

Николоски истакна дека премногу индикативен е фактот што Заев напишал статус на Фејсбук една минута откако случајно го затекна камерата бегалецот од правдата пред Обвинителството што е физички невозможно, значи дека се било плански сторено, како и тоа дека истиот тој план на власта и се „удрил од ѕид“.

 

 

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости