fbpx

Интервјуа

Владата е нестабилна и за многу краток период ќе падне, ваквите пропусти како вчерашниот мора да се казнат

Во вечерашното издание на дебатната емисија "Што не е јасно" гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој се осврна на лошите владини политики, криминалните афери, како и околу актуелните случувања во врска со бегањето на Сашо Мијалков.

Според Арсовски, институциите се тие кои што мора сега да реагираат и да ја разбистрат мистеријата околу бегството на Мијалков. Тој додаде дека во овој момент граѓаните тотално ја изгубија вербата во институциите, бидејќи се случуваат многу пропусти кои не смеат да се случуваат во една сериозна земја.

Спасовски е директен виновник, бидејќи не само што не постапил согласно овластувањата и да го имаат посочениот на видик, тој соработувал и потпомогнал Мијалков да замине од државата, бидејќи неговиот шеф Заев е близок со тој човек, истакна Арсовски.

"Оваа Влада е синоним за криминал и корупција, синоним за матни зделки. Оваа Влада ќе мора да сноси одговорност после сите порази на сите можни планови, меѓу нив и овој, каде што се дозволуваат вакви чинови. Владиното мнозинство во овој момент е преслабо и се очекува да падне во секој миг, а потоа да се формира ново владино мнозинство, кое што уште во почетоците ќе мора да се соочи со овој нефункционален систем и да почне да постапува согласно законите и правилата, а не да се дозволи ваква каша од неправилности", додаде Арсовски.

На страна од актуелните случувања со бегството на Мијалков, СДСМ и Зоран Заев покажаа дека не заслужуваат никаква доверба и поддршка од граѓаните, бидејќи ја ничкосуваат државата и ја направија држава за потсмев. На прво место им се криминалите, зделките и договорите со одредени политичари за да не одговараат за сопствените постапки. На сето тоа мора да му дојде крајот и секој да одговара за своите постапки, бидејќи само така ќе изградиме здраво општество во кое секој ќе размисли пред да направи било што, а не да се случуваат вакви работи како онаа синоќа и потоа никој да не се појавува пред народот и да не го известува за реалните случувања и да се задскрива случајот, заврши Арсовски.

Последни новости