fbpx

Интервјуа

Премиерите со кои се сретнав Орбан, Јанша и Пленковиќ ни дадоа силна поддршка, Македонија има пријатели

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за вестите на Алфа ТВ зборувајќи за својата мини дипломатска турнеја во Унгарија, Словенија и Хрватска, истакна дека Македонија има пријатели, а премиерите на тие држави даваат силна поддршка како за државата така и за партијата ВМРО-ДПМНЕ.

- Оваа дипломатска офанзива на ВМРО-ДПМНЕ ќе трае и во периодот кој следува. Започнавме со Унгарија, Словенија и Хрватска, тоа што можам да го кажам е дека Македонија, македонскиот народ имаат пријатели и во премиерот на Унгарија Виктор Орбан и во премиерот на Словенија, Јанез Јанша и во премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Можам да кажам дека станува збор за исклучително силни пријатели на Македонија, тројца земји членки на  Европска Унија, кои што седат на таа маса каде што се одлучува иднината на Македонија во смисла на тоа дали и како ќе почнат преговорите за Македонија за членство во Европската Унија, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додава дека на средбите со тројцата премиери се разговарало за актуелните проблеми предизвикани од пандемијата, но и блокадата на Бугарија за Македонија.

- Така што заедно со нашите пријатели ги отворивме сите оние теми кои што не се актуелни само во Македонија, туку и во тие држави, најголем фокус беше економијата, здравствената состојба, политичката ситуација. Неизбежна тема беше проблемот кој го имаме со нашиот сосед Бугарија и сите погрешни политики на нашата влада. Од посетата можам да заклучам дека Македонија има пријатели и силна поддршка во трите држави кои ги посетив, нагласи Мицкоски.

 

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости