fbpx

Интервјуа

 Не знаеме што содржи анексот на договорот помеѓу Македонија и Бугарија

Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во интервју во емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа, коментирајќи ја изјавата на Красимир Каракачанов дека Македонците се дивјаци од 19 век, вели дека дивјачки е да се уценува еден народ и да си ги пресече корените само за да стане член на клуб каде што и Бугарија е член.
Дивјачки е вие да уценувате еден народ кој треба да си ги пресече корените само за да стане член во клубот во кои што сте и вие член, и тоа е дивјаштво, вели тој.
Андоновски посочи дека по изјавата на Зоран Заев дека ги затворил сите отворени прашања со соседите и дека 80 проценти ќе ги отвори поглавијата значи дека Македонија веќе требала да има 10 до 12 проценти отворени и сработени поглавија за членство во ЕУ.


Иако Заев вели четири години дека ги затворил сите отворени прашања со соседите, ако сите биле затворени ние сега требаше да бидеме на второ поглавје. Затоа што тој велеше за четири години јас ќе ги творам 80 посто од поглавијата, а тоа значи дека за шест месеци колку што се поминати од кога се дојдени на власт, ние требаше да имаме веќе 10, 12 проценти од поглавија отворени и да работиме, вели Андоновски.


Андоновски смета дека билатералните прашања помеѓу соседните држави не смеат да бидат услов за добивање на датум за почеток на преговрите со Европската Унија, истакнувајќи дека договорот помеѓу Македонија и Бугарија за добрососедство не е добар.


Јас се уште не знам што содржи тој нон пејпер, анекс, акциски план. Ако договорот помеѓу Македонија и Бугарија беше добар од 2017 година тогаш немаше да има потреба од никаков дополнителен документ. Договорот ќе си кажеше се што треба да се каже. Ние и тогаш велевме и сега велиме договорот не е добар. Договор ги става историските компоненти, историските недоразбирања во контекс на Европската Унија. Што значи ова вака за граѓаните кои што не се занимаваат со граѓаните кои не се занимаваат со ова прашање? Тоа значи дека од неуслов, расправијата меѓу мене и вас одеднаш ми станува услов да ја станам дел од клубот. Тоа е наједноставно што може да се каже. Никогаш за ниту една држава не било услов да има затворени билатерални прашања со соседите. Билатерални прашања се нормална работа, нормално е вие да имате недоразбирања со соседите особено кога се работи за научно подрачје историја, истакна Андоновски.


На прашањето доколку утре ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт како би го решил проблемот со Бугарија, Андоновски одговори:

 

Прво ќе го реши со тоа што луѓе кои што не ветувале продажба на Телеком, продажба на банка, продажба на телевизија во пакет со Договорот за добрососедство ќе дојдат да преговараат со Бугарија. Ќе дојдат да преговараат луѓе кои што немаат ранец на злодела позади себе направен, туку се чисти, со чист образ и со чисто, силно патриотско чувство и на тој начин има решение кое што може да се постигне а тоа е базирано врз факти, азирано врз документи.

Последни новости