Гледам како на една втора Грција која што за жал и беа дадени инструменти на Бугарија со потпис на нашата влада. Ние како опозиција во јули 2017 токму тука во собранието предупредувавме дека не е потребно да се брза со потпишување на Договорот со Бугарија, туку е потребно договорот да биде што по квалитетен и посигурен за двете страни. Вака потпишаниот договор и денешното вето само покажува дека Бугарија го има инструментот во свои раце, а Македонија останува со несигурноста за тоа што го потпишала, вели пратеникот и претседател на собраниската комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски во денешното интервју во емисијата 10 минути на ТВ 21.

Милошоски истакна дека потпишување на договорот со Бугарија е грешка, но и дека е направена дополнителна грешка бидејќи власта создала нереални очекува кај граѓаните бидејќи како што рече и премиерот и тогашниот министер за надворешни работи и вицепремиерот за евроинтеграции уште во 2018 година кажале дека Македонија добила датум.

Затоа сметам дека беше направена грешка што се потпиша овој Договор и дополнителна грешка беше што кај јавноста се подигнаа нереално очекувањата за Европската унија, со тоа што премиерот, министерот за надворешни работи, за евроинтеграции и сите уште во 2018 година кажаа дека Македонија добила датум, и ние до денес живееме во илузијата дека секој следен ден само што не стигнал добиениот датум. А денес се соочуваме со вето и тоа мислам дека ќе предизвика и политичка криза и голема разочараност кај граѓаните кои што 30 години беа уморени од Грција а сега во најава имаме сличен случај во следната деценија, вели Милошоски и посочи:

Јас се сеќавам на изјавите на министерот Никола Димитров тука во собранието кога се потпиша Договорот со Бугарија имаше една интерпелација и тој кажа, после потпишувањето на овој договор немаме веќе блокади, немаме веќе нерешени прашања со соседите и од нас зависи колку бро ќе напредуваме кон ЕУ. А денес министерот Димитров вика дека не зависи од нас колку брзо ќе напредуваме кон ЕУ. Јас не го спорам и влијанието на Германија, и националниот интерес на Бугарија без разлика дали е објективен или е неоправдан, според мене е неоправдан, но ја критикувам власта затоа што таа нереално сервираше кај граѓаните една розева ситуација дека со потпишување на договорот со добрососедство ние во Бугарија имаме силен поддржувач за ЕУ, а денес гледаме дека имаме силен кочничар.

На прашањето што ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе во однос на ова, Милошоски изјави дека следниот чекор е координација со останатите политички партии во собранието бидејќи сега освен здравствена и економска криза, сега и европерспективата е доведена во криза, како и дека ќе побараат одговороност за ваквата состојба и најави интерпелација на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров

Прво сметам дека ќе има координација на опозиционите партии освен оние што се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, со кои што настпапивме на избори и консултација со другите опзоициони партии кои што се претставени во собранието, затоа што ова навистина создава голема потреба за национална политичка координација што ќе биде следниот чекор понатаму. Имаме политичка криза, здравствена, економска, сега и европерспективата е доведена во криза.

Втората работа што сакаме да ја потегнеме е токму тоа да видиме кој е одговорен за ваквата состојба, кој даваше лажни ветувања дека имавме датум за преговори, а денеска имаме блокада и во текот на следната недела сакаме да покренеме иницијатива во собранието за интерпелација на вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров, бидејќи тој кажуваше дека треба да гласаме за Европска Македонија и дека договорот со Бугарија ќе ни ги отвори вратите на ЕУ, најави Милошоски.