fbpx

Интервјуа

ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи во Штип и во декември и следната година

Јасно ми е зошто избега градоначалникот на Штип. Тоа беше најнеспособниот градоначалник, а од друга страна тој и неговото семејство имаат концесии кон одредени луѓе кои треба да ги реализираат и веројатно министерсткото место во транспорт и врски се погодило како таков преку кое тоа може да се реализира. Да ги предупредам дека кривично се одговара за тие интереси да внимаваат за дане случи после да плачат, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на штипската телевизија Стар.

Николоски наведе прецизно што се не направи Благој Бочварски за Штип.

„Избега од Штип зошто не реализираше жичара до Исар, вети најголем аквапарк во Македонија, или две катни гаражи, енергетски ефикасни фасади...И од сето ова нема ништо. Но, јасно е дека треба им враќа на некои луѓе и замина за полесно тоа да го прави од функција на министер“, рече Николоски.

Според него победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Штип во декември е сигурна.

„Сигурен сум дека ќе победиме зошто имаме визија. Се формираше универзитет кога беше градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, се изгради автопат до Штип, се донесоа странски инвестиции, се помогна домашно стопанство, се помогна во инфраструктура. Градот беше среден како кутувче и се надевам ќе дадат шанса на ВМРО-ДПМНЕ и сега, а ова ќе биде можност за да победи тука ВМРО-ДПМНЕ и следната година, а да победи и на централно ниво. Победата сега ќе значи победа и следната година. За 10 месеци не се прави магија, но ако некој работи може да го покаже тоа и за овој период“, рече Николоски.

„Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт народот живее подобро, се отвораат нови работни места, имате посреќни луѓе, кога СДСМ е на власт многу се филозофира, малку се работи. Мислам дека на Заев му одговара луѓето да зборуваат за односите со Бугарија, со Грција или со Албанија за да не зборуваат за тоа дека брат му и негов братучед  добија концесија на 30 години од Владата која тој ја предводи. Ова е невидена работа  било каде во ЕУ. Тој од уста не ја вади ни Европска унија, ни НАТО ама нека  наброи втора држава членка на ЕУ во која премиерот на седница која тој ја води доделува концесија на брат му и на негов братучед и затоа меѓу другото Македонија не може да почне преговори“, истакна Николоски.

Николоски посочи дека  во јавноста поставил прашање за кое две и пол години не добил одговор.

„Јас го имам во јавноста поставено може најинтригантното прашање на кое две и пол години не добивам, а тоа е кој е датумот на кој ќе почне Македонија преговори со ЕУ. Прашував во 2018 година кој е датумот, не добив одговор, во 2019 година прашував не добив одговор, еве ја 2020 заминува пак немам одговор. Македонија направи неколку стратешки грешки заради Зоран Заев поради кои не може да почне преговори“, додаде Николоски.

Николоски се осврна на моменталната состојба во Македонија со пандемијата КОВИД-19.

„Има општа стихија, владата не се справува никако со корона кризата. Околу 800 семејства се завиени во црно. Тоа се бројки невидени за било каде кога ќе се споредат и број на жители. Имаме крајно неспособен премиер кој се грижи за своите интереси и за фамилијата и министер за здравство шминкер кој не мисли на ништо освен на свој имиџ“, рече Николоски.

Потпретседателот Николоски најави како што рече дека ќе следат „интересни тендери кои ќе бидат сомнителни и ќе бидат крајно коруптивни, времето ќе покаже“.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости