fbpx

Интервјуа

Онлајн работа на Собранието е наметната тема бидејќи СДСМ не може да обезбеди мнозинство и кворум

Во емисијата „Што мисли народот“ на телевизија Стар гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој што во однос на онлајн работата на Собранието изјави дека СДСМ намерно ја наметнува темата бидејќи власта не може да обезбеди мнозинство и кворум за работа во Собранието.

„Тоа е повторно злоупотреба на короната, затоа што е ова е измислена тема не е дека нема двајца пратеници во владејачкото мнозинство кои што се позитивни на корона јас им посакувам добро здравја и што побрзо да закрепнат но може даи ма и двајца болни не дај боже од рак, срцеви заболувања и да не набројувам заболувања кои што ги има во денешницата, но никогаш претходно не било тема онлајн работа, сега станува тема онлајн работа затоа што власта не може да обезбеди мнозинство и кворум за работа.  Тие се власт со само 62 пратеници, од кои што од СДСМ се само 30, останатите се помали коалициони партнери на СДСМ плус БЕСА и ДУИ и едвај составија влада прикрпена, пратениците не им доаѓаат во Собрание на работа и имаат проблем да функционираат и измислуваат виртуелна тема за онлајн работа“, нагласи Николоски.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, онлајн работа на Собранието не е дозволена според македонскиот Устав.

„Онлајн работа не е дозволена според македонскиот Устав, тоа е логично, личноста се вика пратеник, значи народот го праќа во Собранието да го претставува таму, не го праќа дома, за од дома на компјутер да клика, за или против, собранието не е само пленарната сала, има бројни други активности кои што се случуваат кои што јавноста не ги гледа и кои што ги прават пратениците во рамки на работа на комисиите, средби со граѓани, со институции, со здруженија на граѓани, со други засегнати, пишување на закони, подготовка на амандмани кои што не можете да ги правете ако не сте физички присутен. Но затоа што има проблем власта, СДСМ со помалите коалициони партии БЕСА и ДУИ да опстои  ја измислуваат оваа виртуелна тема. Тоа нема да се случи затоа што ниту ВМРО-ДПМНЕ ќе го дозволи тоа а гледам дека и албанската опозиција е против и оваа власт, повторно кажувам ќе трае многу пократко од тоа што мислат граѓаните дека ќе трае“, заклучи Николоски.

„По мене ВМРО-ДПМНЕ во моментов со сета почит кон сите претходни парламентарни состави го има најсилниот парламентарен состав, а тоа се гледа во Собранието, со квалитетот на луѓето кои ги имаме. Секако секој е стручен во својата област. Ова се пратеници избрани од народот, пратеници кои што ги бираше членството на ВМРО-ДПМНЕ и сум апсолутно убеден дека ќе останат до крај лојални на ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Николоски.

Николоски додаде дека мечката овој пат заигра во дворот на Зоран Заев.

„Во овој момент, еве ексклузивно има пратеници од коалицијата на СДСМ, кои што не се од Беса или од ДУИ туку од останати пратеници во рамки на коалицијата на СДСМ кои што веќе разговараат за ново парламентарно мнозинство“, истакна Николоски.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости