fbpx

Интервјуа

Ќе бараме надзорна расправа за пропаѓањето на Еуростандард и злоупотребата на европските фондови

Крајната цел на протестите е што побрзо оваа власт која ја води во амбис државата не нуди ништо, а не може да видиме ниту некоја предвидлива иднина. И во ваква ситуација немаме ни минута повеќе, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата „Само интервју“.

Според него еден од легитимните начини да се протестира е улицата, вториот начин е парламентот.

„Таму во парламентот колку што може да видите, ВМРО-ДПМНЕ, а и другите опозициски партии едвај се борат за збор. Ќе имаме многу предлози, еве да најавам ексклузивно за вашата емисија ќе имаме надзорна расправа не само за струјата, туку и за Еуростандард банка, потоа за злоупотреба на европските фондови, како случаите со берберницата, за тренинг на магариња“, посочи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на фактот дека конкретно за струјата покачувањето ќе биде и поголемо.

„Власта не уверува дека имаме најниска цена во регионот. Тоа  не е точно затоа што вие ако ја споредите во киловат час којашто ја плаќаат македонските граѓани визави просечната плата во државата сме во топ три држави во Европа“, истакна Мицкоски.

„ВМРО-ДПМНЕ има капацитет да понуди подобро општество отколку ова што денеска е реалност“, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека со СДСМ на власт пропаѓаат банки, се поскапува електрична струја, со тоа не се придонесува за подобар живот кој што го ветуваа.

Последни новости