fbpx

Интервјуа

Николоски до Заев: Имаш уште два дена за да се охрабриш и да одбереш медиум и термин за ТВ дуел

 Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и носител на листа во изборна единица 4 во интервју за Економски лидер, го повика Зоран Заев да се охрабри во овие два дена и да прифати ТВ дуел со него се со цел да ги презентираат програмите.

За Зоран Заев еве да го повикам и тука денес од ова интервју, има уште два дена да се охрабри да си одбере медиум, термин, прашања, се што сака и да направиме еден дуел. Ми бега од дуел цела кампања затоа што треба граѓаните да не видат, треба да гласаат или за мене или за него во четвртата изборна единица. Треба да ме одберат или мене или него, па да ги споредиме програмите, да видиме што нудам јас и ВМРО-ДПМНЕ во четворката, а што нуди тој и СДСМ во четворката, но и да видиме што направиле Зоран Заев и СДСМ, вели Николоски.

Го охрабрувам да не бега да не се плаши имаме уште два дена треба граѓаните да не споредат, да не се крие позади лажни портали и да не се крие позади лажни вести. Ајде да излезе да се споредиме, тој со зборови јас со документи, јас со реализирано ништо, јас со програма што ќе направиме па да одберат граѓаните, додаде Николоски.

https://www.facebook.com/ekonomskilider/videos/1480889392117068

Последни новости