fbpx

Интервјуа

Пред ветинг во судството треба ветинг на политичарите, да видиме како го спечалиле имотот

 Јас велам не ветинг во судството, јас велам ветинг во политиката. Ајде да видиме политичарите како ќе го докажат својот имот, но и имотот на своето семејство поблиску и подалечно. Затоа што вие денеска можете да сретнете политичари кои што во својот анкетен лист пријавуваат богатство од 70. 80. или 100.000 евра, небитно еве и 5.000 евра нека се да не бидам погрешно сфатен. Но ќе видите дека луѓе, членови на нивното семејство поседуваат милионски суми, се возат во Бентли, Мајбах, итн, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата Топ тема на ТВ Телма.

Јас велам еве почнете од мене и од моето семејство, моите родители, моите блиски и јас ќе бидам прв за да не биде лицемерна работата. Еве да почнеме од нас за пример да дадеме. Затоа што тезата дека сите се исти не смее да биде така како што ја велат, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека е потребно политичарите да ги ослободат судиите и обвинителите, укажувајќи дека држават треба да им ги обезбеди ресурсите кои што им се потребни за да судат по закон и да се тргне на страна.

Најважно е политичарите да ги ослободат обвинителите и судиите. Ние денеска имаме примери каде што се номинираат луѓе во судството и обвинителството од оној совет за избор на судии и обвинители кои што до денеска на социјалните мрежи ќе ги видите како се закитени со партиски обележја, вели Мицкоски.

Ако порано ни се случувало Свровски судство, сега имаме конвертити Луј Витон, или трас трас судство, ама тоа не треба да биде така. Зошто? Затоа што се пријавуваат случаи во кабинет на премиер затоа што имаме случаи каде што коленичат судии пред кабинет на премиер, министер или некој друг. Тоа не треба така да функционира. Што ви треба ресурси да вие обвинувате и да судите по закон тие ресурси државата треба да им ги обезбеди и да се тргне на страна, а не да врти по телефон, или да биде влијателен  адвокатот на премиерот, или адвокатот на некој друг, кажа Мицкоски.

Последни новости