fbpx

Интервјуа

Во изборна единица 4 јас лично, а и мојата партија водиме преку 4 проценти

 Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 4 во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 на емисијата „Само вистина“ ги повика граѓаните масовно да излезат на овие избори за да ја казнат оваа однародена власт.
„Граѓаните масовно да излезат на избори, зошто ние за разлика од нив имаме дијаметрално спротивни ставови. Нашата цел е повисока излезност, а тие сакаат мала излезност за помал пораз. На секоја опозиција и одговара поголема излезеност. Дополнително и најважно е што според анкетите во 4 ИЕ, моето водство пред Заев е преку 4 проценти, и водството на мојата партија е преку 4 проценти во оваа ИЕ што е стабилно водство за почеток на кампања, а очекуваме и да расте, како во оваа ИЕ, така и во цела Македонија“, рече Николоски.
И покрај ова, додаде Николоски, моја агенда е да бидам што повеќе со луѓето затоа што како што рече „јас не бркам проценти, јас работа“.
Николоски рече дека неговиот мотив за 4 ИЕ бил да му покаже на Заев како се работи.
„Јас не глумам локал патриот како него, туку отидов да го победам Заев кој глуми локал патриот. Неговиот пораз на локално ниво се префрла на цела држава. Тој е
18 години на власт, градоначалник беше од уста не го вади Муртино. А не знам дали сте биле таму. Во Муртино на главна улица има огромни канали од двете страни во кои течат фекалии од сите куќи. За 18 години не успеал да изгради атмосферска и фекална канализација, како да очекуваме дека ќе направи нешто за државата. Или ако дома не си средил, не може и во цела држава да ја средиш работата“, кажа Николоски.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости