fbpx

Говори

Филипче стана полтрон на провизии и профит, одговорност веднаш!

 

На денешниот протест под мотото „Здравје, а не провизија“ пред  Министерство за здравство се обрати пратеничката од ВМРО- ДПМНЕ, Велика Стојкова- Серафомовска која истакна дека додека македонските граѓани поминуваат низ голгота Венко Филипче молчи, се крие и лета со хеликоптер.

„Во изминатите неколку дена комисијата за здравство и кризниот штаб веќе не се викаат така туку се викаат комисија како господ никој не е. Се молиме на бога во недостаток на држава, во недостаток на раководство во недостаток на одговорност се молиме на оние други богови овој пат бидејќи овој пат нашите херои нашите богови нашите спасители се медицинските лица, докторите оние од примарното секундарното и терцијалното здравство брзата медицинска помош сите медицински сестри и техничари болничарите целиот помошен технички персонал во сите здравствени институции во Македонија лаборанти те, фармацевтите сите тие се на првите борбени линии, знаете дека голем дел од нив сеуште не се вакцинирани дека дури и оние кои што работат во болниците во ургентните одделенија сеуште не се вакцинирани, се изложуваат на најголем ризик, тие се нашите богови бидејќи тие одговараат на сите прашања од загрижените граѓани“ истакна Стојкова Серафомовска.

Стојкова Серафимовска, истакна дека лично таа и нејзиното семејство поминале низ голгота во македонското здравство  и лично ја гледала борбата на медицинскиот персонал за што им се заблагодари за вистинската борба, додека Венко Филипче молчел се криел и летал со хеликоптер.

„Јас лично изминатиов период ја поминав таа голгота моето најблиско семејство беше хоспитализирано во болницата „8 ми Септември“ на инфективното одделение јас видов тие луѓе како се борат како во првите редови се борат со страшната битка наречена корона. За нив немаме зборови тие се нашите богови, за нив голема благодарност и голем поклон бидејќи тие одговараат на прашањата бидејќи тие се љубезни, бидејќи тие се постојано достапни да дадат одговор на најблиските кои во тие моменти поминуваат низ најтешките моменти во својот живот. А ти Венко Филипче ти не одговори на едно обично новинарско прашање, ти молчиш и се криеш и леташ со хеликоптер. И затоа мислам дека е време да те потсетиме на некои работи кои како професионалец како доктор Венко Филипче ги имаш кажано веројатно многу одамна. Бидејќи колегите ги почитуваат тие завети и тие правила но ти изгледа ги заборави затоа ќе ви ја прочитам Хипократовата заклетва која секој доктор ја дава“ нагласи Стојкова Серафимовска.

Стојкова Серафимовска, му ја прочита Хипократовата заклетва на Филипче и му посочи дека целосно ја заборавил бидејќи станал полтрон на премиерот, на провизиите и профитот, за што побара и оставка од него.

„Во часот кога стапувам меѓу членовите на лекарската професија свечено се колнам дека својот живот ќе го ставам во служба на хуманоста, хуманоста министре Филипче докторе Филипче, Спрема учителите ќе ја зачувам должноста благодарност и почитување меѓутоа вашите учители се оние повозрасни лица кои сеуште не се вакцинирани, својата професија ќе ја извршувам совесно и достоинствено, ниту совест ниту достоинство видовме, најважна грижа ќе ми биде здравјето на мојот пациент и тоа не го гледаме, министре Филипче вашите колеги изминатиот месец, ве молат за помош ве молат за мерки а вие велите нема потреба од мерки ги оставате на милост и немилост не само пациентите туку и вашите колеги. Затоа доста е ве повикуваме на етичките начела на медицината. Министре ве потсетуваме на Хипократовата заклетва и на етичките правила на медицината кои вие целосно ги заборавивте. Станавте полтрони на вашиот премиер, станавте полтрони на провизии, полтрони на профит, наместо да се вратите онаму каде што ви е местото со белиот мантил во болниците, па дури и таму не го облекувате белиот мантил. Етика, морал, одговорност бараме и ќе добиеме. Но ќе ви се случи народ а народот вели оставка и од вас и од вашиот премиер. Одете си! “ рече Стојкова Серафомовска.

 

Последни новости