fbpx

Говори

Денеска Скопје е празно бидејќи многу скопјани заминаа за Белград за да се вакцинираат, бидејќи оваа власт повеќе ја интересираат провизии отколку здравјето на граѓаните

На денешниот протест организиран од страна на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ „Здравје, а не провизии“ во своето обраќање претседателот на градски комитет Владимир Нелоски кажа дека министерот за здравство Венко Филипче треба да си даде оставка поради 3.600 починати и поради фактот што министерството за здравство од страна на власта и Филипче е станато министерство за лична провизија и богатење. Претседателот на Градски Комитет на ВМРО ДПМНЕ Нелоски потенцираше дека додека граѓани умираат првите луѓе на власта шетаат по тропски предели и појасна дека не само што треба да има оставки туку треба да има и одговорност за секојдневните мртви и за неспособноста на власта и министерот за здравство во справување со КОВИД- 19 пандемијата.

„И оваа сабота се собравме тука пред министерството за здравство или како што Филипче би сакал да го нарече министерството за лична провизија и богатење да им порачаме дека е потребно оставка. Оставка но е потребна и одговорност, одговорност за 3.600 починати македонски граѓани кои што не успеаја да се изборат со КОВИД болеста. За жал ние имаме влада која што освен џинџер еднаквоста важна им е и нивното одмарање па најверојатно поради тоа најблиските соработници за Заев најголемиот борец за џинџер екуалити во Македонија да земат малку одмор во тропските локации низ светот“, рече Нелоски.
Претседателот на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Нелоски кажа дека кривицата за тоа дека 33 семејства денеска се завиени во црно и се збогуваат со некој свој близок е заради неспособноста и неодговорноста на првиот човек на министерството за здравство Венко Филипче. Во знак на протест и на огромниот број на починати граѓани од корона Нелоски пред министерството за здравство остави црна панделка и рече дека Венко повеќе го интересираат провизиите отколку здравјето на граѓаните.
„Денеска на денот кога 33 семејства се збогуваат со некој свој татко, син, баба, дедо, брат, сестра сакам оваа црна панделка да му ја оставам тука на скалите пред министерството на гробарот кој што повеќе го интересираат неговите провизии отколку здравјето на граѓаните. Вие кои што велевте дека сте едно со народот дека сте отворени и транспарентни ако сте отворени и транспарентни излези Венко соочи се со овие луѓе кои што дел од нив лично изгубиле некој близок од короната“, истакна Нелоски.
Владимир Нелоски претседателот на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ појасни дека Скопје е празно поради фактот дека голем број на граѓани се на пат за Белград заради вакцина која Венко и власта требало а не им ја обезбедиле. Нелоски рече дека граѓаните знаат дека се оставени сами на себе и затоа границата спрема Србија е полна со македонски граѓани кои решиле спас за своето здравје да бараат во Србија. Дополнително Нелоски рече дека камерите на границата кон Србија биле исклучени за само да не се види огромниот број на луѓе кои одат во Белград за да се вакцинираат за да може власта да го прикрие своето фијаско со набавката на вакцини. Нелоски потенцираше дека власта сака да ги стави граѓаните во мрак но дека граѓаните одамна знаат дека не можат да се потпрат на државата ниту на министерството за здравство кога се работи за нивното здравје.
„Денеска Скопје е празно а празно е бидејќи многу скопјани денеска не се во Скопје се во Белград. Во Белград се бидејќи нашата власт повеќе ја интересираше провизијата отколку здравјето и решија своето здравје да си го сочуваат во Белград. Да си бараат сами спас за вакцина. И токму затоа денеска границата кон Србија изгледаше вака драги присутни а од заевистичкиот режим не сакајќи народот да ја види ситуацијата на границата кон Србија ја исклучија камерата која што врши директен пренос од границата. Сакаат да живееме во мрак но на народот очите му се ширум отворени бидејќи му е јасно дека е оставен сам на себе“, заврши Нелоски.

 

 

Последни новости