fbpx

Говори

До кога Филипче спротивно на закон ќе ја остава Старделова да извршува две функции за кои и Антикорупциска потврди дека има судир на интереси

 

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната седница за пратенички прашања,  прашува до кога министерот за здравство Венко Филипче ќе ја остави доктор Калина Гривчева – Старделова да извршува две неспоиви функции за кои постои судир на интереси и зошто повеќе од 13 месеци не постапува според барањето на Антикорупциска таа да се откаже од една од овие две функции.

- До кога и според кои закони доктор Калина Гривчева – Старделова ќе извршува напоредно две неспоиви функции, а тоа се претседателка на Лекарската комора на Македонија и истовремено директорка на Универзитетската клиниката за гастроентерохепатологија? Ова е класичен судир на интереси бидејќи првиот човек на комората ја контролира токму работата на првите луѓе на јавните здравствени установи, односно Старделова си се контролира самата себе си,  знаеме дека на 22 ноември 2019 година, Aнтикорупциска има доставено известување за судир на интереси и даде рок од 15 дена да се откаже од една од овие две функции, што до ден денес не е сторено, вели Стојаноска

Таа додава дека од министерот Филипче не е ништо преземено по основ на ова и тој си ја остава таа да си врши напоредно две функции неспоиви и кои имаат апсолутен судир на интереси.

- Кога и дали има намера Филипче да постави според законите, ако не за нешто друго барем за овој класичен пример на злоупотреба? Зошто упорно се постапува спротивно на закон?, прашува Стојаноска.

Таа се осврна и на пандемијата додавајќи дека бројките ја потврдија неспособноста на Филипче, затоа што Македонија е лидер по смртност на милион жители додека министерот лаже постојано дека се е под контрола.

- Бројките кажуваат дека за 10 месеци пандемија во Македонија, имаме над 81.000 новозаразени и над 2.400 починати лица од Ковид-19. За 10 месеци имаме тотален колапс на здравствениот систем, а токму Филипче не уверуваше дека ќе немаме повеќе од 2.000 заразени и дека ситуацијата е под контрола.  Јас едно знам, а тоа е дека Македонија е лидер по починати на милион жители и дека за не проаѓа изговорот дека и останатиот свет е во пандемија, нагласи Стојаноска.

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости