fbpx

Говори

Previous Next

Не за Заев, Македонија ќе опстане

 

Добро вечер браќа и сестри,

Добро вечер на сите

Мило ми е, чест ми е што имам можност вечерва да бидам тука во Кавадарци. Да бидам тука со вас да дојдам, да ја споделиме нашата сакана македонска кауза, кон која што сме приврзани.

Да зборуваме за оние работи кои што ми тежат на душата, да зборуваме за оние работи за кои што длабоко не допираат, да го кажеме она што го мислиме, да го кажеме она што го чувствуваме, да го кажеме она што се учи од нашите баби и дедовци.

Има некои работи кои што се длабоко во нас, има некои работи кои што се иманентно наше право, има некои работи за кои што некогаш не мора да се разбереме со многу зборови, тука само со една воздушка, со една емоција, со едно чувство, со нешто кое што ќе го осетиме а кое што е безвременско.

Нешто што ние како родители треба да им го дадеме и им го даваме на нашите деца, но и нешто сочувано и изборено кое што ние треба бранејќи го да им го предадеме на нашите деца.

Ние сме во Паркот на револуцијата, браќа и сестри, кои што симболизира во долгата многу вековна наша историја, многу вековна две големи револуции. Една револуција која што почна 1893 година на 23 Октомври и втоа револуција која што почна на 11 Октомври 1941 година.

Ние браќа и сестри, потомците, внуците и правнуците на македонските Комити и на македонските Партизани кажуваме дека сме силно приврзани до нив и денес во овие околности кога во Македонија, внимавајте има по 30, 40 мртви дневно. Ние не одиме со масовност затоа што сме внимателни и одговорни, туку одиме со силни чувства и со силни пораки, а ќе дојде време за масовност.

Ќе дојде време за масовност, ќе дојде македонската пролет, ќе дојде македонската слобода а ќе дојде и оној силно силно светнал ден за кој зборува Коста Солев, апостолов Рацин, нашиот сакан Кочо Рацин.

Браќа и сестри,

Не заборавајте борбата на револуцијата 1893 година, ја почнаа шест луѓе, шест луѓе се собраа и почнаа идеја во Македонија која што трае до ден денес. На 11 Октомври во Прилеп и Куманово на едното место имаше 20, 30 луѓе и на друго место имаше 20,30 луѓе. Но, сега денес во Македонија има 16 градови во кои што има стотици, илјадници луѓе.

Браќа и сестри да останеме, да опстоиме, да ја сакаме Македонија, да ги сакаме нашите вредности, да не се откажуваме од своето, да му кажеме силно НЕ, силно НЕ на Зоран Заев затоа што и луѓето кои што го гласале и луѓето кои што го поддржувале не го гласале за ова, не го гласале да ја понижува Македонија, не го гласале да ја урнисува Македонија, а Македонија ќе покаже дека со своите чувства со својот народ ќе се крене.

Ќе се крене Македонија, ќе се крене ВМРО и заеднички ќе победиме, бидете сигурни во тоа. Заеднички ќе победиме.

Затоа што играме на домашен терен, затоа што неправдата може да трае година, две, три или четири, но верувајте ми ќе изгрее сонцето на слободата.

95 година мислиме дека се непобедливи, 98 година победивме. 2002 година разликата беше 200.000 разлика, мислевме и тие мислеа дека сме поразени, дојде победоносната 2006 година.

Браќа и сестри,

Ќе дојде победата затоа што народот е незадоволен, затоа што Македонија никогаш не била по опљачкана и по понижена. Ни се случува ужас, но тоа има име и презиме, името и презимето е Зоран Заев околку него се нерзбраните трговци, народот се буди, Македонија се буди и жива е Македонија.

Од срце ве поздравуваме праќаме силна порака до цела Македонија, до сите наши луѓе во светот, жива е Македонија, да живее Македонија, да живее Кавадарци, поздрав од овој Парк на револуцијата.

Одиме понатаму, нема откажување, нема предавање, ајде заедно не се откажуваме.

 Да живее Македонија.

.be

Последни новости