fbpx

Говори

Заев е најголемиот вирус на криминал и корупција, вирус на лаги и манипулации, затоа да го поразиме, гласајте за реден број 14

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 на последниот ден од кампања вечерва беше на завршниот собир со граѓаните во Штип. Јанушев на присутните им порача дека доаѓаат најдобрите четири години за Македонија и рече „на 15 јули заокружете за број 14 за 14 пратеници во ИЕ 3“.

„Пред нас го имаме вирусот на криминал и корупција, лаги и манипулации и тој вирус има име и презиме Зоран Заев. Секое негово појавување е нова лага. Мојот противкандидат Љупчо Николосвки не излезе заедно да се соочиме, да дебатираме, не излезе затоа што нема што да каже, губитник е“, рече Јанушев.

Генералниот секретар, Јанушев рече дека да, оваа власт можеше, можеше многу повеќе за народот, но го заборавија народот.

„Велат дека можат, можеа да не крадат, да не лажат, да не ги земаат оние милионски суми на пари кои ги ставаа во Луј Вутон торби, можеа  да ги вратат кај граѓаните. Можеа да не го тероризаат својот народ и неситомислениците. Можеа да направат нешто за вас, може да го остават судството и да не биде трас-трас, ама ништо не направија. Токму затоа можеа е минато свершено време“, кажа Јанушев.

Јанушев се осврна и на програмата Проект-Обнова.

„Тоа е програма со проекти и мерки кои велат повеќе 25 проценти плати, повеќе 20 проценти пензии, гасификација до секој дом, 4 милијарди евра инвестиции, многу инвестиции во здравство, образование, здравство и култура. За секое решение се обврзуваме да го реализираме“, рече Јанушев.

Последни новости