fbpx

Говори

Македонската јавност денеска се увери каков криминалец ја води државата повеќе од три години, 6.000.000 евра во џебот на Заев

На денешниот собир во општина Карбинци се обрати генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на Изборната единица 3, Игор Јанушев.

Јанушев истакна дека за уште само неколку денови следува големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија”.

Три години во Македонија има криминал, корупција, лаги и манипулации. Три години зло и неправда.

СДСМ се свесни дека ги очекува катастрофален пораз и секој ден безидејно се кријат еден зад друг, но излез нема.

Радмила Шекеринска е една од низата манипулатори, лажговци и луѓе кои и нанесоа зло на Република Македонија. Пред неколку месеци Шекеринска изјави дека не го познава Боки 13, за пред неколку денови да признае дека снимката на која што е снимена во друштво на Боки 13 и Катица Јанева е веродостојна.

Во низата манипулации е и изјавата на градоначалникот на Штип, кој јавно во телевизиска емисија изјави дека не е точно дека е промашена трасата на автопатот Кичево – Охрид, иако СДСМ долги години манипулираа.

Јанушев истакна дека најголемиот лажго и манипулатор во Република Македонија е Зоран Заев, а доказ за тоа е лагата дека не го познава братот на судијката Димишкова, за денеска да бидеме сведоци дека Ване Димишков и Зоран Заев рекетирале 6.000.000 евра.

Идниот премиер на Република Македонија проф. Христијан Мицкоски во неколку наврати го прашуваше Зоран Заев дали се познаваат лично, но Заев негираше.

Денеска цела македонска јавност дозна и се увери во тоа каков криминалец ја води Република Македонија цели три и пол години. Денеска македонските граѓани слушнаа каде завршиле 6.000.000 евра.

На 15-ти јули ќе дојде Обновата на Македонија, а веќе на 16-ти јули Зоран Заев ќе одговара за криминалите кои ги направил.

Љупчо Николовски секогаш е поразуван од ВМРО-ДПМНЕ, на сите избори кои досега се одржале. Овој пат ќе го доживее најкатастрофалниот пораз и ќе ја доживее политичката пензија многу рано.

Република Македонија ќе ја водат чесни и достоинствени луѓе, а не неразбрани политичари.

Во Проектот – Обнова има преку 1000 проекти, меѓу кои 25% повисоки плати, 20% повисоки пензии, 640 милиони евра за земјоделците, целосна гасификација, реализација на автопатите Штип – Кочани, Штип – Радовиш и уште многу проекти.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на голема инфраструктурна експанзија низ цела Република Македонија.

Ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ се завет, а не празни ветувања како на криминално рекетарската банда од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ не ветува брда и долини, но тоа што ќе го вети, ќе го исполни. Граѓаните тоа го заслужуваат.

Јанушев упати апел до сите граѓани на Република Македонија заеднички да се исправиме, да го вратиме македонското национално достоинство, да не бидеме никогаш повеќе граѓани од втор ред.

На 15-ти јули победува ВМРО-ДПМНЕ, победува Македонија.

Да излеземе и да го заокружиме бројот 14, за подобро утре за сите нас.

Да е вечна Македонија!

Последни новости