fbpx

Говори

Мора да се стави крај на богатењето на поединци од маката и трудот на земјоделците

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 4 од општина Босилово порача дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе и стави крај на зелената мафија.

„Под влијание на СДСМ се донесе Законот за тутун со кој се дозволи да се да се увезува тутун пред откуп на домашниот. Се увезува тутун од Бугарија и Албанија, а домашниот им останува зад куќите. Оние кои пак успеаваат да го продадат се уценувани и им се откупува по многу пониска цена. И внимавајте во Македонија годишно се произведуваат 25-27 милиони килограми тутун, а договори има само за 22, тоа значи дека намерата е 5 да останат неоткупени. Во процес е и преземање на Тутунскиот комбинат во Струмица од страна на семејството Заеви и затоа им одговара ниската цена“, рече Николоски.

Николоски посочи дека откуп има по многу пониски цени, или воопшто нема на земјоделските производи.

„Цените се драматично ниски, земјоделците работат, а некој се богати на нивниот труд. Тоа е тажната вистина за македонскиот земјоделец, краставиците, кромидот, пиперките, бостанот имаат многу ниски откупни цени“, кажа Николоски.

За  да се стави крај на ваквиот однос кон земјоделците потребна е референдумска излезност, порача Николоски и додаде „тоа ни треба за да ги испратиме овие од власта на најтемната страница на историјата.

„Потребна ни е огромна излезност за да ги направиме промените. Тие сакаат Македонци со свиткана кичма, ние сакаме горди исправени Македонци.  Ни треба историска победа затоа што за ВМРО-ДПМНЕ волјата на народот е приоритет“, рече Николоски.

Николоски укажа дека овој регион има многу иселеници, но тој посочи дека мора да се стопира празнењето на овој регион.

„Овој дел се празни, ама треба да ставиме крај на тоа, мора да ги задржиме младите. Токму за тоа ВМРО-ДПМНЕ во програмата Проект - Обнова предвидува поддршка за работодавецот што ќе вработи млад до 29 години. Прочитајте ја програмата за секој има по нешто. Поддржете не, гласајте за број 14 на 15 јули за да извојуваме победа да си ги задржиме младите во Македонија, за да се цени трудот на земјоделците“, порача Николоски.

                                                                                                 

 Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости