fbpx

Говори

Мицкоски од Василево: СДСМ можеше да го подобри стандардот на граѓаните само требаше малку повеќе да работат наместо да крадат

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски ја посетија општината Василево. При самата посета, Мицкоски на граѓаните порача дека на 15-ти јули ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, ќе победи Обновата. А, со Обновата ќе дојдат подобри времиња за граѓаните на Република Македонија и за самата држава.

„Ова не се обични избори, ова се избори во кои што ние сите заеднички одлучуваме во каква Македонија сакаме да живееме. Ова се избори во кои што ние одлучуваме за иднината на нашите семејства но истовремено одлучуваме и за иднината на нашите потомци. Се наоѓаме пред сериозна раскрсница, дали ќе го одбереме едниот пат или ќе го одбереме другиот пат. Но не треба да се потцени ниту делото на нашите предци кои што со живот го платиле ова што денеска ние го живееме. Затоа изборот е исклучително тежок и не смее да се потцени. Но јас сум убеден дека на 15-ти јули овде во Василево, Коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе постигне историски рекордна победа. Затоа што тоа е важно за сите нас“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски додаде дека граѓаните ќе одлучуваат помеѓу транзиционите политичари или ќе одберат луѓе кои имаат визија, кои имаа решение на секој проблем, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ.
„Јас знам дека ќе дојдат на ова исто место и нашиот политички противник. Знам дека ќе ја стави раката на срцето и ќе ја навали главата налево, надесно и ќе се изнаслушате за неговата жица, за неговото семе, време итн. Но истовремено ќе се изнаслушате и за многу невистини, многу лаги кои што ќе ги каже секаде, но неговата лага веќе не е 500 евра просек плата, 30.000 денари. Сега најновата лага е 34.000 денари“, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека СДСМ се што ветува ништо нема да испорача, а тоа се согледа и во претходните три години.
„СДСМ можеа да го подобрат стандардот на граѓаните само требаше малку повеќе да работат наместо да крадат. Можеа навистина да ги донесат и Гугл и Фејсбук, и сите оние инвестиции кои што практично ги најавуваа заедно со оној автомобилски гигант, но за жал и тие што ги наследија од претходната влада не успеаја да ги задржат туку сега домаќини на тие веќе договорени инвестиции се нашите соседни држави“, појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека неспособната влада на СДСМ не можеше да обезбеди повеќе работни места за граѓаните иако тоа го ветуваа на голема врата. Тоа е исто како што ветуваа дека кога ќе дојдат на власт правдата ќе дојде. Но за жал дојде само криминал, корупција, рекет.
„Многу внимателно ја создававме нашата програма. Буквално целата структура во рамките на партијата беше вклучена заедно со општинските комитети, комисиите. Многу експерти кои што се партиски определени, но и партиски неопределени од земјава и странство учествуваа во изработка на оваа програма. Многумина од нив го ставиле својот печат и додале вредност на истата, вклучително и вие граѓаните преку разговорите за обнова на Македонија“, истакна Мицкоски.
Мицкоски појасни дека во програмата секој имаше можност да остави своја трага и печат. Мерките кои што се предвидени во самата програма се креација и на граѓаните. Преку проблемите на граѓаните се креирани мерки кои што ќе помогнат во нивниот секојдневен живот и ќе ги реши нивните проблеми.
„Во програмата ќе најдете поголема просечна плата, како да дојдеме до поголема просечна плата во еден мандат за најмалку 25% од тоа што е денес. Таму ќе најдете како до поголеми пензии, најмалку 20% поголеми пензии од тоа што е денес и враќање на старото законско решение кога пензијата растеше двапати годишно. А, не како што тоа денеска се случува, едно покачување добија пензионерите предизборно, мислејќи дека изборите ќе се случат во април месец“, потсети Мицкоски.
Мицкоски на крајот вети на граѓаните дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ на 15-ти јули, ќе дојдат подобри времиња за граѓаните и за Република Македонија.

 

Последни новости