fbpx

Вести

Николоски: Има целосна партизација на системот, затоа за некои лица од службите имаат секакви детали, ама за некои кои треба да се во затвор не знаат ништо

„Во случајот со Рашковски, контролата во судството и обвинителството им измрда, тогаш се пресметуваа со Шекеринска и системот почна да работи без притисок и се реализираше истрага за аферите на Рашковски, „Леонардо“, со хеликоптерите и сега и тој е делод кругот и непријатно е да проговори. Не ме чуди ова што се случуваа, лица што треба да се затворени шетаат слободно. Тоа ќе се смени по промена на власта“, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа коментирајќи ги случаите што лица како Кичеец, Боки 13 шетаат слободно.

Николоски укажа дека Рашковски беше генерален секретар на Влада и тој оперативно ги води работите, како и дека ги зголемил средствата до три пати повеќе што се за генералниот секретаријат.

„Рашковски влијаел на истрага, сведоци, а нема потреба да бега зошто се чувствува сигурен со Заев“, вели Николоски.

Според него јасно е дека има целосна партизација на системот затоа за Камчев има секакви детали, ама за тоа што Рашковски се шета слободен не знаат ништо надлежните.

Николоски се осврна дека многумина се под политички прогон, им се уништуваат семејствата, ги бркаат од работа.

„И тие за да се бранат земаат кредити за да имаат адвокати. Има 3.000 лица под прогон само заради желбата на Заев да се одмаздува“, вели Николоски.

 

Последни новости