fbpx

Вести

Велјановски до СДСМ: Зарем ова е живот што го ветувавте, граѓаните од Тетово немаат вода за пиење

„Граѓаните ги интересира дали се живее подобро, и дали се решаваат нивните проблеми. Власта зборува за подобра живот, за здрава животна средина, за нови работни места, ги задолжи граѓаните за 2.5 милијарди евра. А, граѓаните имаат право да знаат каде завршуваат нивните пари“, појасни Александар Велјановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието.

Велјановски додаде дека власта секој ден говори за чиста животна средина, за чиста вода за пиење, но и самите од власта знаат дека во општина Тетово граѓаните пијат вода од стариот градски водовод кој што е опасен по здравјето на луѓето. И тоа е водовод кој што е со секојдневни губитоци на вода. Во населбите, во стариот дел на градот жителите немаат вода за пиење.
„Жителите од одредени населени места пред околу месец дена беа затруени од водата која што ја пијат. Ова е еколошка катастрофа. Вие од власта зборувате за патишта, а самите знаете дека граѓаните од општините од кои што пратениците доаѓаат од ИЕ6 имаат неасфалтирани улици. Граѓаните од ИЕ6 живеат во населени места во кои нема канализација. Патот Тетово – Гостивар е опасен по живот, зарем четири години не беа доволни за да се рехабилитира патот“, запраша Велјановски.

 

Последни новости