fbpx

Вести

Лефков: Се промени закон за Филипче да може да набави вакцини за цена двојно поголема од пазарната

Се промени законот за јавни набавки за да се отстранат бариерите кои наводно стојат пред набавката на вакцини, за неколку недели после тоа да видиме дека министерството за здравство се обидувало да набави вакцини за цена двојно поголема од пазарната, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната собраниска седница.
Тој истакна дека документите за таа малверзација ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“ на кои јасно се гледаше потписот на министерот за здравство како е потпишан и се споменува и се обидуваат да набават вакцини преку Стабри Интернешнл.
- Од централниот регистар на Хонконг се појави дека тоа е фирма која е основана 2017 со тројца вработени со основачки влог од 1000 евра. И на таква фирма Филипче и префрли 12,5 милиони евра за набавка на 200.000 вакцини. Ако се направи математика ќе се види намерата да се плати 62 долари за една вакцина, а излегуваа натписи дека таа вакцина се набавува за 30 евра и помалку во одредени земи, потенцира Лефков.
Тој додаде дека спорна беше провизија, затоа и вршеа набавка преку трета фирма, а вакцините никаде ги нема.
- Овие вакцини и до ден денеска не се донесени, а на медиумите можеме да видиме една смешна слика каде мајката на Штрумфета е вакцинирана со донирани вакцини, а министерот се заблагодарува затоа што Штрумфета е задоволна што се вакцинирале нејзината мајка. И тоа е така затоа што не можат да најдат еден граѓанин со име и презиме кој ќе каже дека е задоволен од работата на Филипче и СДСМ, рече Лефков. 

Последни новости