fbpx

Вести

Петрушевска: Филипче да имаше грижа на совест до сега требаше да си поднесе оставка, 130 починати за три дена е алармантна бројка

„Кога дискутираме за здравството и со она со што се соочуваме и како Македонија менаџира со КОВИД-19 е повеќе од алармантна и загрижувачка. Од тука господинот Филипче не треба ни да почека за да некој го повика, за да поднесе оставка. Ние сме земја кандидат за членство во европското семејство и тоа подразбира повисок степен на одговорност кога станува збор за една ваква состојба, а особено кога секојдневно за жал губиме животи. Јас ќе потсетам дека неговите колеги од Словачка, Холандија, Романија, Полска и Чешка поднесоа оставка за многу банални работи, а се земји кои што далеку подобро се справуваат со пандемијата“,рече Марија Петрушевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на радио „Лидер“.

Петрушевска додаде дека ја загрижува фактот бројката на новозаболени и починати од КОВИД-19.
„Замислете ние овој период имаме повеќе жртви од пандемијата отколку од скопскиот земјотрес. Овие бројки на починати лица не се пријатни да се спомнуваат, но ние имаме бројка која што е 4.000 починати лица. За три дена, нека не биде за недела дена имаме околу 130 починати. А, имаме слики каде што некој си дозволува во една ваква состојба да се вози со хеликоптер“, истакна Петрушевска.
Петрушевска посочи дека во време кога граѓани умираат од смртоносен вирус, бараат помош, министерот си шета со мотор. Тоа е крајно несериозно.
„Веста дека од кратовските села како нивни сограѓани се обиделе да помогнат на лице на кое што навистина му е потребна здравствена помош е алармантна. И покрај сите скандали ние се уште немаме оставка од министерот“, нагласи Петрушевска.
Петрушевска рече да имаше грижа на совест министерот до сега ќе поднесеше оставка.

 

Последни новости