fbpx

Вести

Зафировски: Утрешниот протест е насочен кон лошите политики особено во здравствениот систем кој е доведен во тотален хаос

„Во сабота, утре во 11 часот ќе се одржи протест. Значи протестот е насочен кон лошите политики посебно во здравствениот систем кој што веќе е доведен во тотален хаос и е пред колапс. Значи ова е крајно неодговорна, најнеспособна и крајно корумпирана влада предводена од Филипче и Заев. Овие луѓе здравствениот систем го доведоа да стане дисфункционален, кој што последните денови гледаме зголемена е бројката како на новозаразени, така и бројот на починати, и веќе во ниедна болница не може или пак тешко се наоѓа место за да може да се хоспитализираат болните од КОВИД-19“, рече Оливер Зафировски, доктор и член во Комисијата за здравство при ВМРО-ДПМНЕ.
Зафировски додаде дека ова се што се случува со здравствениот систем претставува голема траума. Зборовите на Венко Филипче дека се е под контрола се демантирани во оваа ситуација, бидејќи бројката на починати и заразени излегува од контрола во државата.
„Како за пример би посочил еве една Белгија која што има 12 милиони жители има пред некој дена 26 починати, а Македонија која што е шест пати помала има 29 или 30 починати. Бројката на починатите секој ден се повеќе и повеќе се зголемува“, истакна Зафировски.
Зафировски посочи дека покрај здравствената криза граѓаните во Македонија се соочуваат и со економска криза, се повеќе граѓани ги губат своите работни места, или пак платите не стигнуваат за да се протера еден месец. 

Последни новости