fbpx

Вести

Петрушевски до СДСМ: Срамота, после петта година на владеење ви текна дека постојат единици за локална самоуправа

„За жал за оваа Влада се е политика, меѓутоа политика од најнизок тип купи ден – продај политика. И така денеска намерата им е да си пишат едно плусче дека ете четвртиот сет на мерки ќе се состои уште еден закон повеќе. Дека не се искрени во намерата покажува и неприсуството на заменик министерот за финансии меѓутоа нема да реагирам процедурално, за тоа што ќе си продолжам со говорот кој што е наменет за граѓаните“, рече Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница.
Петрушевски додаде дека денес на дневен ред се има закон кој што наместо од минатата година наплатениот ДДВ 4.5% да се пресметува просечната вредност од три изминативе години истите 4.5% и да се дотираат до општините.
„Денеска што го слушнавме како аргументација од парламентарното мнозинство е дека со оваа мерка ќе се стимулираат општините, ќе се зголеми децентрализацијата и ќе им се помогне замислете на граѓаните за полесно надминување на пандемијата КОВИД-19. Јас си поставувам логично прашање, во ред ако е така, зошто ова законско решение има временска клаузула? Односно зошто важи само за 2021 година? Доколку е добро, доколку ќе им го подобри работењето на општините, зошто да не размислиме за продолжување на вакво законско решение? Или еве дополнителен предлог, зошто да тие 4.5% не бидат зголемени? Со тоа ќе им помогнеме на општините согласно вашата аргументација, да функционираат, да работат и да се грижат за интересот на граѓаните“, појасни Петрушевски.
Петрушевски додаде дека очигледна е контрадикторноста на власта во она што го кажува.
„Образложението приложено во ова предлог законско решение е дека ваквото решение ќе им го олесни работењето на општините во КОВИД-19. Е, сега видете колеги посебно од власта, за да им се олесни работењето треба прво да работат. За, жал општините во Република Македонија не работат. И не е смешно тоа, жално е. Настрана тајмингот, што после петта година на владеење ви текна дека постојат единици за локална самоуправа“, истакна Петрушевски. 

Последни новости