fbpx

Вести

Пешевска до Владата: Креирате градоначалници кои нема да работат во интерес на граѓаните, туку само за себе

И во 2018 година ве прашувавме и сега исто ве прашуваме- која порака ја праќате до општините, да вработуваат колку сакаат партсики кадри, да трошат колку сакаат, а државата да им ги прости долговите, праша пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска на собраниската седница на која се распарава за измените и дополнување Закон за финансирање на единиците за локалната самоуправа.
-Општините се многу задолжени, не можат да реализираат ништо од ветеното, ама сепак гледаме како да сакате да го прекриете тоа, но граѓаните гледаат, рече Пешевска обраќајќи се до власта.
Според неа ова е само обид за предизборен поткуп, не е закон за реформи и реализација на цели.
-Сакате пред избори да ги размрдате градоначалниците со ионака лош рејтинг. Праќате порака дека градоначалници кои не работат ќе бидаат наградени, државата ќе ги сервисира нивните трошоци нивните кафеани, облека и слично. Вие како Влада креирате градоначалници кои нема да работат во интерес на граѓаните, туку само за себе, заклучи Пешевска.
 

Последни новости