fbpx

Вести

Петкова: Од ветените проекти за Гевгелија нема ништо, дури и излажавте, па наместо ветената нова градинка чекате пари само за доградба на постоечката

На локално ниво видовме само покривање на дупките во општинските буџети, а од зајанување на капацитетите има зајакнување на истите само со партиски кадри, за граѓаните ништо не е направено, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова говорејќи на собрансиката седница за измени и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

Петкова укажа дека со предложените измени граѓаните не добиваат ништо. Таа укажа дека и од понудените проекти на изборите во 2017 година нема ништо, а на праг се нови избори.

– До каде стигнавте со проектите за Гевгелија? Секако ништо не е почнато, а не завршено. Што вие сметате за капитален проект поплочување и некои неопходни санации, не тоа не се проекти тоа се тековни работи, рече пратеничката Петкова.

Петкова посочи на неколку ветени ама нереализирани проекти како ветувањето за отворен базен, за катна гаража, за нова детска градинка, за гасификација на Гевгелија.

„Од ова ништо не направивме, на пример наместо нова детска градинка излезе дека ќе има само доградба на постоечкиот објект за која дополнително чекате пари“, кажа Петкова.

 

Последни новости