fbpx

Вести

Лозановска: Јавна тајна е дека овие средства наменети за општините се за предизборен поткуп за претстојните локални избори

„Денес зборуваме за предлог законот за дополнување на Закон за финансирање на единиците на локална самоуправа по скратена постапка. Со овој закон се додава нов член 9а со кој се утврдува висината на приходите од ДДВ-то кои се распределуваат на општините за 2021 година. Во одредбите се предвидува во 2021 година висината на приходите од ДДВ-то за да се обезбедат во висина од 4,5% од просекот на наплатеното ДДВ во последните три фискални години наместо 4,5% од наплатениот данок за ДДВ во последната година. Овие одредби се применуваат 01.01.2021 до 31.12.2021 година. И овие приходи општината одлучува самостојно каде ќе биде искористени средствата“, истакна Олга Лозановска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница.
Лозановска додаде дека но што станува за оние општини кои што немаат приходи. На пример општина Могила и Новаци. Многу е чудно кога се има долг над 60-тина проценти од БДП, кога секој втор ден се има кредити и заеми, а власта дели на општините средства за да се раздолжат каде што должат.
„Зошто сега ги давате овие дотации, но зад превезот на КОВИД-19 се криете и се знае дека овие пари ќе бидат наменети за предизборен поткуп. За три ипол години ништо не е направено, па сега за неполни шест месеци ќе добиеле пари за да се реализираат некои проекти. Освен вработувањата во јавните претпријатија на партиски војници, апсолутно ништо не видовме“, нагласи Лозановска.
Лозановска посочи дека во општина Битола има 40 нови вработувања, меѓутоа очигледно тоа ќе го реализира со зголемување на комуналните услуги. 

Последни новости