fbpx

Вести

Стоилковски до Милевски: Вашето министерство за 8 месеци има само 4.1 % реализација на капитални инвестиции, што останува за локалниот развој во Македонија

На денешното гостување на 24 Анализа во Телевизија 24, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски со низа критики кон работата на министерот на локална самоуправа Горан Милевски му порача дека министерството за локална самоуправа за 8 месеци од 2020 направило реализација од 4.1 % само на капитални инвестиции, па што станува збор за општините и локалниот развој во Македонија.

-Не е проблемот до изворот на пари Милевски, проблемот е тоа што вашето министерство претходната година за само осум месеци имаше реализација на капитални инвестиции од 4.1 %, што ја дава сликата и за локалниот развој во Република Македонија, му порача на Милевски, Стоилковски вечерва.

Тој дополни дека за рамномерен регионален развој има пари и дека не станува збор за недостаток од финансиски средства затоа што треба да се користат фондовите од ИПА, но тие не се користат затоа што нема проекти, а општините ниту имаат план, ниту се прават проекти, станува збор за неработење како централната така и локалните власти.

Последни новости