fbpx

Вести

Стојаноска:Македонија треба да отпочне преговори за членство во ЕУ, но тоа да не се темели на историјата и на македонскиот јазик

Дафина Стојаноска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето вклучување на телевизија 24 зборуваше за протестите кои ВМРО-ДПМНЕ ги организира и рече дека поради тоа што граѓаните се повеќе не му веруваат на Заев затоа овие протести добиваат се поголема масовност.

-Како да веруваме кога само минатата недела го чувме Зоран Заев на едно интервју за бугарска национална телевизија каде изјавува дека Куманово, Крива Паланка не биле поробени туку напротив ослободени од нашиот источен сосед. Можеби викендот Зоран Заев веќе се има подготвено само за да стави само еден потпис и не случајно Зоран Заев не прифаќа она што ВМРО-ДПМНЕ како опозициска партија го нуди, а тоа е да се седне на една лидерска средба и да се изгласа една заедничка декларација со која ќе се каже не за прекројување на македонската историја и не за порекнување на македонскиот јазик. Јас на овие луѓе никако не им верувам, а сигурна сум дека и мноштвото на македонски граѓани не им верува и токму затоа овие протести добиваат се поголема масовност, изјави Стојаноска.

Стојаноска во своето гостување посочи дека денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе испрати порака каде бара итна оставка на Зоран Заев, но не само ВМРО-ДПМНЕ оставка од Заев бара и народот.

-Порака која денеска ќе ја испратиме е дека бараме итна оставка на Зоран Заев и прекин на пазарот кој го подготвува, оставка бара народот од Зоран Заев, а не само ВМРО-ДПМНЕ, оставка затоа што го поништи македонскиот народ и затоа што за него не е света македонската држава. Ќе остане запаметен во онаа иста историја за која истиот вели дека не е експерт и не ја познава доволно, а се дрзнува да ја менува. Ќе биде запишан како единствена македонец кој работел против сопствениот народ и против сопствената македонска држава, кажа таа.

Стојаноска посочи дека лично таа сака Македонија да отпочне датум за преговори и таа не прифаќа доколку тоа се темели исклучиво на историјата и негирање на македонскиот јазик.

-Јас сакам да верувам и лично посакувам Македонија конечно да добие датум за отпочнување на преговори, но доколку цената е менување на македонската историја и порекнување на се она што во минатото и се случувало на Македонија како и ништење на македонскиот јазик како таков тогаш таква шанса не прифаќам, а не прифаќаат и мнозинство во Република Македонија граѓани кои се чесни и кој се осиромашени благодарение на Зоран Заев. Затоа таа шанса доколку се темели исклучиво на историјата и негирање на македонскиот јазик таква шанса не прифаќаме. Македонија мора да влезе на еден демократски начин и признаена онаква каква што е со македонски јазик и македонски јазик кој го зборува мнозинство народ во оваа држава, така и никако поинаку, додаде Стојаноска.

Последни новости