fbpx

Вести

Ако се бара дебата во Собрание за спор на Владата и Макпетрол треба да има владини претставници во неа

Побарав процедурално право на збор со една и единствена причина бидејќи на продолженијата на 20 и 21 седница во кои имаме точки во кои може да дискутираме на пример по предлог закон за решавање на спорот Влада и Макпетрол. Ние реагиравме дека не е местото тука да се решава спор на Владата со приватна компанија. Дополнително недзоволиво е на закажана пленарна седница и точка по ова прашање да нема претставници од владата од каде како претставници се премиерот Зоран Заев и вицепреиерот Фатмирт Битиќи, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и координатор на пратеничката група, Никола Мицевски кој побара поддрша од десет пратеници за да се измени дневиот ред и да се гласа за предлог за уставен судија зошто расправата по таа точка е завршена.

-Доколку планиравте продолжение на седница каде е прашање за спор на Владата и приватната компанија Макпетрол треба да има претставници на Влада и ќе беше одговорно да бидат тука. Пратениците се тука и не е изговор зошто да не бидат тука и претставници на влада, рече Мицевски.

Според Мицевски „Владата сака на мала врата да го помине овој закон, а интересот е голем“.

 

Последни новости